Дланката обично е врзана во кеса или крпа од која капе крв и паѓаат делови од кожа и коски во чекалната заради незграпното придржување на уплаканите родители или пријатели.
Несреќникот е комплетно бел од шок и болка и обично е на раб на онесвестување.
Морам да ви кажам дека во живо и во боја е илјада пати пострашно, плус болката е неиздржлива; следува брз транспорт и комплицирани операции за бар некој прст да се спаси.
За една секунда еуфорија од пукањето, се плаќа со инвалидност цел живот. Збогум на спортот, збогум на возењето, друштвото, девојките, работата. Најчесто таткото е заслужен што во рацете на детето се нашла петарда.
Затоа, ако се сакате себе и останатите, сакате да уживате во животот и имате супер планови, пријатели и среќен и безгрижен живот, оставете им ги петардите на оние кои решиле да бидат неповратно несреќни.
Звездана Клариќ