Борис Буден: Да е само до Вучиќ, лесно е

Луѓето кои денеска протестираат во Србија, пред сè студентите, веќе изгубија ако веруваат дека проблемот што ги натера да излезат на улица се вика Александар Вучиќ и дека со негово отстранување од сцена, тој проблем ќе се реши. Еднаш со Милошевиќ веќе упаднаа во таа замка на тотална персонализација на политичкиот и општествениот живот.

  • Што се однесува до српските студенти, што можат да изгубат а што да добијат од актуелните протести?

Борис Буден: Тоа прашање би го оставил на т.н политички коментатори кои се експерти за дневно-политички трач и кои знаат прецизно да ги измерат таквите добивки и загуби, како на фармацевтска скала.

Напротив, би рекол само ова: луѓето кои денеска протестираат во Србија, пред сè студентите, веќе изгубија ако веруваат дека проблемот што ги натера да излезат на улица се вика Александар Вучиќ и дека со негово отстранување од сцена, тој проблем ќе се реши.

Еднаш со Милошевиќ веќе упаднаа во таа замка на тотална персонализација на политичкиот и општествениот живот. А кога станува збор за можна придобивка, таа се состои во свеста дека овие протести денес се соочуваат со нешто што е непоправливо во постоечкиот систем, значи во свеста дека се соочени не со овој или оној корумпиран политичар, криминалец, манипулатор, туку со суштински идеолошки лимит на политичкиот систем во кој живеат, со реалните граници на неговиот епохален хоризонт.

Или, според зборовите на една популарна песна, денес го допреа дното на системот на парламентарна демократија во услови на квазисуверена национална држава на полупериферијата на глобалниот капитализам.

* целото интервју за Радар- овде

28 декември 2024 - 13:54