Разно

Таа моја гитарска Македонија

Седумнаесет наши гитаристи, секој снимил свое парче соло на истата матрица и сето тоа склопено во интересно видео. Можеби Македонија нема некоја технологија, ама затоа техника има за курчење! Кој од кој махери. 

Кочани, жалиме

Музика од Пинк Флојд за спасување на комуњарски споменик во Кочани. Ах, како тоа добро звучеше кога го објавувавме! Успеавме да собереме еден куп лајкови за идејата (статијата види ја овде), но дечките, за жал, не успеале да соберат доволно пари, како што тоа обично бива овде.  Ама затоа, ете ги овде, во МКЦ.

А од Шопе не се бега

Зафир пееше "Од љубов не се бега". Американците знаат дека не се бега од смрт и од данок. Ама ни Зафир ни Америте во равенката го немаат Емило Шопе, уникатниот штипјанец со амстердамски штим. Еве која му е тактиката во последно време: ако не те добие на телефон, снима видео со тоа што сакал да ти го каже, видеото го закачува на Фејсбук и те тагнува! Генијално! Еве за што последно ме барал, еве за што последно не сум му се јавил:

Дневник на еден апстинент од вести

Откако во македонските медиуми завладеа радикална шизма и истите станаа автомати за ширење колективна шизофренија, едно убаво попладне си реков „инаф-из-инаф" и решив да апстинирам од вести. Како? Е така, фино-лепо, нема вести и точка! За да моето тв-информациско апстинирање не биде само солипстичко страдание решив да водам дневник и да се обидам да ги пренесам своите инфоиспоснички и медиумско-аскетски импресии. Еве сумариум од постењето:

Џган

режија: Вардан Тозија
улоги: Мартин Ѓоргоски, Дениз Абдула, Никола Ристановски, Љупчо Тодоровски, Сара Климовска
премиера: 30.3.2016

Македонец

Трејлер за документарец во продукција на Полскиот филмски институт. Таткото Мито го праќа својот син во северна Грција да го најде гробот на својoт дедо Петро од семејството Клавчови, подоцна прекрстени од Грците во Алексиу. Едно тажно потсетување на фактот дека она што сега им се случува на Сиријците, пред половина век им се случуваше на наши луѓе.

Химна за Зоран Заев

Ова било ставено на Јутубето уште во 2009-та а ние допрва дознаваме. Гррр. Џабе се изнаслушавме секакви глупости во меѓувреме. Ова е тоа.

Приказната за Ема

Од една страна во приказнава е Ема Ананиевска, нејзината љубов кон музиката, нејзиниот талент за пијано, нејзините упорни родители, нејзините добронамерни колеги и пријатели. На друга страна е Македонија и сето она што го натерало ова девојче да сака да си оди од овде.

Последен поздрав до Ацо Снагата

Една кратка сцена со двајцата починати бардови: Ацо Јовановски и Ненад Стојановски.

Kаде се изгуби Глоријан?

Након свих ових година, не сме начисто дали повеќе ни е криво што никогаш не го запознавме Ристе од Припор или пак што го запознавме а потоа го изгубивме Глоријан. За младите генерации, потсетување на неговиот епски и досега ненадминат музички хет -трик.

Македонска игра на Кикстартер

Small Star Empires е брза аналогна игра за 2 до 4 играчи, смозгана од наши дечки на една македонска вековна тема: галактичка колонизација и доминација. Пуштена е на Кикстартер и ѝ оди одлично. За само пар дена собрани се половина од потребните пари за играта да стане глобална занимација.

И децата од разведени бракови имаат право на два родитела

Да ви пренесеме еден апел за поддршка на група родители кои имаат проблеми со гледањето на своите деца. Тоа им се ограничува на неколку часа а некогаш и им се забранува заради измислени причини.

Почина Јашар

Ни замина уште еден драг лик. Малкумина го знаат ама нам ни беше врвна легенда. Го запознавме како Грга велики во "Црнa мачка, бел мачор" на Кустурица, го засакавме во "Шампионите на Шутка" во кој ни објасни како изгледаат џиновите и како тој се брани од телесната страст кога има женски пациент (ќе дојде Аџо, пуше нам, телесна страст се избацује и после "ја сам исто као њу, а женско са женском, наравно нема ништа"). Јашар Дестани, почивај во мир царе.

Како да се прочисти избирачкиот список?

Еве и наш придонес за една од двете горечки теми на македонското секојдневние (медиумите курац некој може да ги среди). Значи вака, на 2-ри март  во хотел Континентал пасторот Тино Кајшаров ќе исцелува луѓе, се разбира со помош на божјата исцелителна сила. ДИК во комплетен состав да се нацрта таму, со списоците во рака. И вади, вади, вади.... 

Тоа се вика континуитет

Рапери секогаш сме имале со лопата да ги ринеш.

Вистината за училиштата ја знаат децата

На наши деца им дале задача да напишат дијалог во врска со школото. Шесто или седмо одделение, небитно. Битно e ова: на малите сè им е јасно. Од прв до последен ред.

Жаргон точка мк

Наместо уште еден од илјадниците истоветни - шокантно, ексклузивно, нема да ви се верува - портали и нивната убиствена уредувачка шема (дневно политикантство, естрада, хороскоп, црна хроника, лекови што лечат рак за 7 минути)  еве еден сајт кој најзад се занимава со нормална тема. Анонимни корисници полнат македонски речник со сленг, жаргони, фрази. И има факинг брилијантни термини и објаснувања. Па браво, па најбраво.

Докторе, дај од тоа гласот на Марта

Македонска дијаспорa не е само Koy prf zamina. Ама и Крсте не е сам. "Да сум бистра вода" изведена од групата Enthusiasm а отпеана од Марта Костурска, глас кој ќе ви ги пополни сите фуги во душата.

Детска лекција по искреност

Само најотворена и најневина доза отвореност и искреност може да нè цимне и да нè потсети во какви окови на "зрелоста" ние живееме. А таква доза може да ти приушти само дете. Домашната работа на еден наш клинец на тема "Мојот живот"

Фејсбучење

Како и што претпоставивме пред некое време (види: За нашата уредувачка политика во 2016) доаѓаат моменти за јуначење, кога по којзнае кој пат од длабочините на кацата ќе испливаат најјаките. Каде се обично денес тие? На Фејсбук. Некогаш на такви јунаци знаеме да им помогнеме.

Дуелот Бранко - Љубчо како дијазепам

Дуелите на овие двајца ги памтиме како едни од повалканите во тв историјата, со полно удари под појас: eдниот за навиките на другиот, другиот за дијагнозите на првиот, кој шише виски, кој облекувал униформи... Па сепак, години подоцна, ова нивното изгледа како цивилизирана дебата во Шведска. Само на аудио ниво видеово е доволно да ве смири: зборуваат еден по друг, се сослушуваат, нема пенавење. Па не е ваљда дека еден ден ќе крикнеме: Вратете се, сè ви е простено?