Разно

Евровизија со Евровизија се избива

Пошто стварно немаме што повеќе да кажеме на тема Евровизија, да пробаме актуелната бучава околу последниов избраник Гарванлиев (на македонски: Чавков?) да ја замениме со една друга, поинаква бучава.

Календар на влегување во ЕУ

Пред 15 години, уште пред во ЕУ да влезат Бугарија и Романија, на нашата тогашна веб адреса (он.нет) објавивме еден пародичен текст за тоа како ќе изгледа судбината на ЕУ по нашето влегување таму. Изгледа Унијата го имаше прочитано текстот, ги фатило паника па решија да направат сè за да ни го осуетат сценариото. 

Охридски икони на странска аукција

Колекција на спектакуларно убави македонски икони од 15 и 16ти век од Охрид, се понудени на продажба од германската аукциска куќа Hargesheimer Kunstauktionen Düsseldorf, по баснословно високи цени.

Хајле Селасие и Реза Пахлави се Македонци, а јас ќе бидам Хомер

Одиме во Загреб, во праисториската 1990 година. Април е, Вјештице го најавуваат албумот „Тотално другчији од других“ а Хрватска се спрема за првите демократски парламентарни избори, на кои ќе победи ХДЗ и ќе станат повидливи контурите на Рубиковата коцка на југословенските војни и трагедии. Несвесни за големиот фајронт кој следи, двајца наши копиљаци, во барот на хотелот Еспланаде се среќаваат со Џони Штулиќ. 

Рокови премачкани со путер

На (а)социјалните мрежи Фејсбук и Твитер поштено распалија и се разиграа на темата која горделиво ја обнароди првиот антикрупциионер во владата - дека бил запленет путер со поминат рок. Корупцијата на колена, потсетување на сцената со Марлон Брандо и Марија Шнајдер, вртење на неописиво малоумната „Путеру, путеру“ од Плави оркестар... Сè тоа ок, како подмачкано. Само еден детал некако чкрипи.

Тоа не е систем. Тоа е распад на системот.

Цела јавност ќе бараше политичка позадина. Правдољубивите врескачи кои не ги заболува ама ич неправда нанесена на некој кој не им се допаѓа, ќе зборуваа за одлуки по нарачки. Ама вака, бидејќи "ја знаеме која е", ок е да биде за глупост разрешена.

Како фирма од Струмица земала 600 илјади евра кредит на вересија?

Вакви и слични случаи во ограбената Еуростандард банка има многу. Интересни имиња, некои познати ликови, шоумени, бизнисмени, аналитичари, адвокати, браќа и сестри на високи функционери во државава, разни манипулатори и измамници. Имаме што да кажеме и да покажеме.

Да слушнеме како звучи македонскиот државен оркестар

Солисти: Зоран Заев, Венко Филипче и Стево Пендаровски, во придружба на полетниот оркестар на ботови и супозитории.

Попишаните

Да потсетиме во каква атмосфера помина последниот изведен попис во Република Македонија, во далeчната 2002 година. Да се чуди и крсти денешен човек, и за музика имало место!

Да одмориме од Јерусалема

Под загадочно мото „Цветот не се споредува со други цветови, тој само цвета“ (?), директорката и вработените во битолската градинка Мајски цвет, по повод 8-ми март подготвиле захтевен перформанс со прејака кореографија. Само уживајте, не пробувајте дома да изведете некои од овие вратоломни потези.  

Скопска понуда до Бања Лука

Да го земете вие зип-лајнот, поубавата и постара Универзална, повторно блеснатото езеро Треска, заштитеното Водно и сите тунели под Кале во најава, а вие на неколку месеци да ни го позајмите Драшко Станивуковиќ?

Прашувајте нè за Северна, слободно

Меѓу нас веројатно секогаш ќе има планктони кои ќе прашуваат зошто некој не користи Северна. Меѓу нас сигурно секогаш ќе има цуцуловци кои ќе знаат да им одговорат.

Коцарев: На сите им е јасно дека се удира по Блаже Конески

Последниот удар се „реформите“ на факултетот со кои престануваат да постојат катедрите по македонскиот јазик и македонската книжевност. УКИМ, МАНУ и други институции се формирани заради македонскиот јазик и македонската книжевност. Пораката што се праќа со укинувањето на двете македонски катедри и дома и надвор е јасна. Тоа ќе ќе резултира во гаснење на многу катедри/отсеци ширум светот каде што се учат македонскиот јазик и книжевност.

Кацарска, Нинџа и вицот за лажните сведочења

Оваа оваа жена се дрзна да коментира за лажно сведочење, а таа донесе пресуда на база на лажно сведочење.

Кромбергликс, Шубертликс и битолчанецот Асанжо

Насловено како „Сатанизам во Кромберг и Шуберт“, пробавме да прочитаме едно писмо на вработен кој тврди дека фабриката е дувло за наведениот сатанизам (јер Натемаго обожава да се крие во фабрики за кабли), перење мозоци, тортура, комунистичка пропаганда и ред други неубави работи. Да видите само што сè му пречи и му е сомнително! По лудо, глупо и по малку страшно нешто, одамна немаме прочитано.   

Од безвремена до безимена

Да се потсетиме каква беше “нашата земја“ во 2009 година и каква ја запознаваше светот преку убавите спотови кои одеа на CNN. Не само што беше Македонија, не само што беше безвремена, не само што беше, меѓу другото, и античка...туку и да се гордееш со неа, бре.

Како да земеш кредит од 900.000 евра а да не плаќаш рати со години?

Како е можно ваков криминал да помине незабележано со години? На основа на кои документи и анализи раководството од ограбената банка одобрило кредити во вкупна вредност од над 900 илјади евра на овие две високоризични и презадолжени фирми од еден ист сопственик, со континуирани загуби и многукратно големи долгови!?

Генијалната карикатура на Цицо

Италија го имаше Хуго Прат ама па ние го имавме Василие Поповиќ Цицо (1914 - 1962), театарски сценограф и бравурозен карикатурист. Погледнете го тој талент кој бил исфрлан и на салфетки и кафански есапи, во краткиот документарец по сценарио и режија на неговиот пријател, Славко Јаневски.

Ице замина од една поинаква корона

Со денови ги молевме да го пуштат Охрид, Скопје, некаде, тие дури ни викаа навредени, дека биле способни да го лечат. А тој ден за ден пред очите ни се топеше. Дури ни рекоа ако го земиме и не го примаат некаде, кај нив да не сме го враќале...

Бајден тргна по стапките на Заев

Да се насмееме малку....

Прости унца по унца, и Бугаринот почна да бунца

На денешниот ден, 10 февруари, 1947 г. во Париз, Франција е потпишан мировниот договор со Бугарија со кој се санкционира нејзиното учество во Втората светска војна, како и нејзината иднина како држава.