Слободата треба да се заслужи

  1. А вие партии, кај сте вие пилиња?! Кај е СДСМ денеска? Пола партија во Атина на конгрес на Сириза. Кај е ВМРО?! Прави еко акции и срамежливо нешто објаснува... ниту едно соопштение денеска за овој скандал, а секој ден не труете со минимум 20 пинг понг празни изјави. Колку ви е длабоко ставена главата во песок?!

**********

Фашизмот на кој сведочите во Битола, не се роди денес.

Тој се раѓаше во мрачните ќошиња на Собранието кога се правеше пазарот: слобода за глас. Кога се правеа упади во кривичното законодавство за предавниците да добијат условни казни. Кога се погази волјата на народот изразена на референдумот...

Можеби не бевте кадарни да го препознаете бидејќи ви го продаваа со насмевка и кротко-телешки поглед. И со задолжителното раче на срце! Можеби им поверувавте бидејќи ви го продаваа колнејќи се во сопствените деца, ама сега е доцна за каење.

Ние што се раѓаме со пушка на рамо најлесно ќе поминеме во периодот што доаѓа.

За другите ич не ми е гајле.

Слободата треба да се заслужи!

Војо Димоски

************

И Каракачанов ви го донесоа да се перчи низ Битола, заедно со Захариева и да отвора квази центар во чест на фашистички соработник, близок со нацистите, Хитлер и Мусолини?!

А вие партии, кај сте вие пилиња?! Кај е СДСМ денеска? Пола партија во Атина на конгрес на Сириза. Кај е ВМРО?! Прави еко акции и срамежливо нешто објаснува... ниту едно соопштение денеска за овој скандал, а секој ден не труете со минимум 20 пинг понг празни изјави. Колку ви е длабоко ставена главата во песок?!

Ако веќе дозволувате (а, може и никој не ве ни прашал), сред Битола да се велича квислинг, бекнете, излезете или пак пречекајте ги, како што доликува кога пола државен врв од "пријателска" држава ви доаѓа на гости за да ви каже дека не постоите, дека ќе ви прават што сакаат, а дека вие ќе ќутите и ќе прашувате дали доволно ви е наведнат грбот.

Какво ширење на ванчомихајловистичката квиншлинска идеја и фашистичка идеологија!

Со вакви "македонски" политички партии, Македонија може веднаш да се откаже од својата иднина.

Жанета Трајкоска

*******

 

 

 

 

17 април 2022 - 12:56