Писма на читатели кои бараат канализација

Луѓето од скопски Бел Камен и Кучевишка бара, во 2022 година бараат - канализација (нашле па зашле). Решаваат да се зберат на собир за да бидат слушнати малку погласно, но некои идиотизирани партиски лоботоми (најверојатно комшии) веднаш ги кинат плакатите со повикот. Не разбираме. Демек, што ќе ни е канализација кога сме во НАТО, ли?

Здраво Трендо,

Ние сме здружени граѓани од Кучевишка Бара и Бел Камен, кои, иако оддалечени само 5км од строг центар на нашево Скопје, 30 години нè лажат дека ќе ни направат канализација. И никако да направат. Разбравме дека имало и донации од неколку места специјално за одвод и канализација, добиваме само празни ветувања.

Се надеваме за една медиумска помош од Ваша страна, некако и телевизииве слаб одѕив, за власти ич да не збориме, организираме граѓански собир тука во месноста и ги повикавме владини и невладини организации, амбасади, еколошки здруженија....

На секое лепење плакати на бандери тука во месноста, добиваме само нивно кинење, уште вечерта. Најверојатно нешто тука мириса на превари, па ги тераат да ги кинат, за да нема народ на собирот (иако веќе има некоја бројка од 100 души што сигурно ќе дојдат).

Ова е дописот што го пративме до медиуми, владини и невладини, доколку би можеле да го објавите (макар и во рубриката „На Дното“), би ви биле благодарни.

повеќе

29 април 2022 - 11:44