Стефане Дечев, капа долу

Стефан Дечев е бугарски историчар, еден од ретките гласови таму кои отворено велат дека е комплетно лудило она што ни го прават, да ни кажуваат кои сме и што сме. И како идентитет и како јазик и како и сè по што се полакомија откако видоа како им се подадовме на Грците. Пред некој ден на својот Фејсбук, Дечев ќе го напише ова.

Еден ден тоа ќе биде бугарската срамота.

Како „Крштевката“ од 1912-1913 година.

Како и другите „преродбенички процеси“ од 1930-тите и 1940-тите.

Како раните 70-ти и преименувањето на Помаците.

Како во 1984-85 година со Турците, а претходно и против Ромите муслимани.

Слично на немирите на ОКЗНИ.

Како срамот со бегалците од 2015 година, кои беа застрелани како животни во Јамбол, Бургас и Хасково.

Членка на Европската Унија. Со 1.300 години историја. Украденa од Македонците.

Стефан Дечев

29 мај 2022 - 14:55