Гласов да се јави на рецепција

Реклама за некакви филтри за кола. На визуелно ниво ништо спорно, очигледно профи странска продукција. Но треба да го чуете она што е македонско во неа, а тоа е гласот кој ја чита рекламната порака. Сè, ама сè е погрешно. Акцентот, дикцијата, иритантниот глас. Како вонбрачно дете на Сири и македонизиран ЛГБТ Сириец. Двапати преслушавме, се испонапнавме.

 

4 јуни 2022 - 18:23