Ова е работата: Made in NY jazz competition се одржува по прв пат. Финтата е интеграција на соц. мрежи со млади џез музичари.... Постојат 7 категории (соло инструменталка, соло вокал, мал бенд, голем бенд... нашиве се у мал бенд) во кои артистите се тркаат за гласови.
Има жири кое ќе одбере по еден артист од категорија за во финале, со тоа што оној кој има најмногу гласови по автоматизам оди во финалниот избор. После пак жири одлучува за крајниот победник. Во жирито има некои јаки современи џез фаци како Џои Ловано, Лени Вајт и Ренди Брекер.
Победникот добива 3.000$ (плус 10% од сите уплати за учество,) и настап на Made in NY Jazz Festival во ноември. Победниците ќе ќарат и бесплатен превоз и сместување во Њујорк. Пекинезери на пример парите би ги дале на снимање на нов албум (имаат 16 нови песни, па да не се фрлат.)
Регистрацијата е перолесна. Не дека се наши, ама најдобри се.