Државен секретару Мајк Помпео, претседателот Доналд Трамп одржа мошне јасен и директен говор на 74 сесија на Генералното Собрание на ОН во којшто го поддржа сувереното право на секоја нација да ја брани и слави својата историја, култура и наследство.
Господине, денеска вие ќе ја посетите МАКЕДОНИЈА, земја и нација со долга историја и богата култура и наследство. Ќе бидете пречекан од функционери коишто ги узурпираат позициите на власт во земјата затоа што тие не победија на демократски избори. Според тоа процесот на потпишување предавнички „договори“ со соседните земји коишто доведоа до преименување на нашата сакана МАКЕДОНИЈА во „Северна Македонија“ и преку кои на туѓинци им се дозволува да се мешаат и обидуваат да ја избришат нашата историја се нелегални и не се поддржани од мнозинството на граѓани, јасно изразено на пропаднатиот референдум.
Зоран Заев и Никола Димитров не се патриоти, токму спротивното. Тие деноноќно работат на бришење, измена и директно уништување на националните темели на Македонија и Македонците. Македонските патриоти се во согласност со говорот на претседателот Трамп во ОН. Ние ја сакаме нашата слобода и се гордееме со нашата сакана МАКЕДОНИЈА, ние сакаме демократија и би сакале да си го задржиме суверенитетот, и сакаме мир и затоа ја сакаме сопствената нација и ги почитуваме сите други.
#НикогашСеверна
#СамоМакедонија