Мила како Марго

ПР шаманот на владачката партија решил преку еден познат формат да им ги приближат високите политичари на широките народни маси и да им се покаже нивниот „човечки лик“ (што е стара и неостварена желба на сите политичари). Почнале со тоа што им е најлесно, со Мила Царовска. Да те видам оди Кирацовски натерај го така да се врцка.

ОК, тоа е тоа. Царовска има во себе доволно ведрина и спонтаност за спотот да не биде онаков резил каков што знае да биде резил кога наши луѓе дрпаат странски финти (освен оној дел кога Мила безвезе седнува на компјутер а рацете на тастатура ги остава пократко отколку што се оставаат во сушалник за раце во Синеплекс).

Форматот им е земен од Вог и со Марго Роби во главна улога изгледа вака:

* за повеќе види кај Јана во Офф Кафе: „Марго Роби одговара 73 прашања“

*******

Само една дилема од нас:

Зошто за Марго има 73 а за Мила само 30 прашања?
Не е ваљда и за ова да важи правилото:
„Едно прашање за мене, едно за Вицето?“

27 декември 2019 - 12:03