Македонија на денот: Балкан велики

Ако излегуваме само по социјални мрежи, лесно ќе се сложиме дека Македонија е одвратна. Но, и сите градови на светов ќе ни мирисаат исто ако за нив судиме седејќи во нивните канализации. А кога ќе излезете од канализацијата, Македонија знае феноменално да изненади.

Во една друга прилика, за оваa ситуација напишавме:

"Се чини дека долготрајната политичка криза го има стопирано (во оптимистична варијанта: “паузирано”) животот во Македонија.  Единствените моќни актери на јавната сцена се политичките партии а единствени важни теми на јавната сцена се оние кои тие ќе ги наметнат. Политичкиот клинч на овие актери комплетно го имаат вшмукано вниманието на јавноста која се наоѓа во состојба на пасивно и кататонично исчекување на “голема разврска”.

И како луѓе кои живеат овде и како професионалци кои работат на медиум сериозно нè загрижува фактот дека македонската интернет публика научи да навива но не и да игра. Но, истовремено знаеме дека е залудно да се кука околу нешто, треба да се покаже дека тоа може и поинаку".

И така доаѓаме до Балкан велики. Ново име кое се прави со личен ќеиф (името познато на редакцијата), кое бутка добра музика и покажува дека твојата Македонија ич не мора да е тапа.

Ако сте накај Велвет, Нико, Каубој џанкис.... пуштајте.

Претходно Deborah Harry , А кај да делам?

29 ноември 2016 - 09:55