Ништо посебно нема да се случе, ќе боботете прекувремено на истата работа шо не можете да ја смислете, сабота ќе глумете живи, а недела исфрустрирани од тоа шо ве чека наредните пет дена ќе трачарете околу илуминатските стратегии и така со разгорен бунтовнички дух помешан со професионална нереализација и трауми од детство, ќе мечтаете за нов свет, дека шо сте синови и ќерки на стечајни управници и не мора ништо да работете до смрт.
п.с. Немој случајно да не сте помолиле за Загреб од сабајле. И знае се, кој е шетал натамо, обавезно слика уз хаштег „стеј стронг“, иначе џабе е, не фаќа мајата