
Почитуван Трендо,
Не дека имав некоја посебна потреба, но сепак решив да ги известам надлежните во Општина Центар за еден паднат сообраќаен знак. Ништо страшно, само знак дека е забрането влегување во еднонасочна улица. Прецизен како што сум, убаво објаснив за местоположбата на знакот, па дури пратив и слика. Добив одговор дека Град Скопје е задолжен за вертикалната сигнализација. Следува одговорот на Општина Центар:
Почитуван,
Г-дин Горан
Во однос на проблемот со оштетен/паднат сообраќаен знак, Ве информираме дека е потребно да се обратите до службите на Град Скопје кои се надлежни за поставување и одржување на сообраќајни знаци, односно вертикална и хоризонтална сигнализација.Со Почит,
Одделение за односи со јавност
Општина Центар-Скопје
Нормално се обратив и до службите на Град Скопје каде што бев пренасочен. После неколку forward-и меѓу нив (во меѓувреме и заборавив дека сум им пишал) добив одговор:
Почитувани,
Наведените улици се дел од секундарната улична мрежа на Скопје за која е надлежна општината во која припаѓаат и за состојбата со сообраќајниот знак треба да се обратите во Општината.
Со почит!
Добив желба да им вратам со иронија, да им укажам дека граѓаните се тие што ги бирале, дека од граѓаните земаат плата и слично, но си помислив дека можеби јас и соседите сме најсреќните луѓе во Скопје. Ние живееме на улица која навистина е слободна територија!
Како и да е, им пишав и на двете институции, им укажав дека се шупаци и решив никогаш повеќе!
Поздрав,
Горан.