Езерото надојде, патека направија, против комарци прскаат... Сепак, досега како нешто да недостасуваше во целиот тој дојрански ривајвл. Но, еве сега го имаме и Самри и мозаикот е комплетен.
Самри ја предводи новата дојранска рап сцена и засега е нејзин единствен познат член. Две работи знаеме за него: дека е најјак и дека ако има тепачка, да го викаме.
Ќе рече:
"Знам бе братче,
сега тебе многу љубомора,
секој сака со тебе да се бора!"