„Прва“ и “друга“ Србија

Србија со децении и се чини сè подлабоко се закопува во фамозните ровови на Првата Србија (небањатите, оние на Вучиќ) и Втора Србија (напредните, про-ЕУ), иако, после еден разочарувачки пораз на опозицијата, Теофил Панчиќ резигнирано напиша: „Да си признаеме, не постои втора Србија“.

За таков раскол некогаш мечтаеше Фрчкоски („Ќе ја поделиме економијата и пазарот: нема да пазаруваме во нивни дуќани и нема да одиме во нивни кафеани“), пред да замине на државно платени посети на џез клубови во Њујорк.

Но, Србија ни е муабетот. Обезбедувањето на општина Инѓија исфрла новинарка на локален портал заради добиената директива:

„Само Н1 може да влезе.“

За среќа, ние ја надминавме таа фаза (на две Македонии), пошто нема нормален човек кој би можел да заборави или да прости што сè ни се приреди последниве гоини.

5 март 2024 - 12:53