„Драги граѓани на Босна и Херцеговина, дами и господа, драги пријатели сарајлии.
Сараево е град од каде фатален истрел ја потера Европа во светска војна, кој означуваше крај на големите царства и воспостави нов светски поредок.
На ова место европската политичка историја трауматично ги чисти своите симптоми, во него на искушение се човечката вредност и бедност, великост и маленкост. Кога говориме за овој град, ја имаме предвид целата Босна и Херцеговина.
Тоа е затоа што вистината за Европа е самото зло.“
Петер Млакар, професор по филозофија, NSK.
„На патот кон слободата, душата бара омраза. Да се има желба за страдање и смрт на оној кој сторил злосторство, тоа е во ред. Но, дури со простување ќе почувствувате вистинска среќа, ќе постигнете слобода и ќе најдете мир. Тогаш поразените ќе бидат навистина поразени, ваш пријател ќе биде Бог и тој ќе победи во ваше име. Тоа јас ви го гарантирам!“