Да ве запознаеме со Љубиша Кобас

Иако и кај нас имa ликови кои раскажувањето измислени приказни го имаат доведено до ниво на врвен занает, кај Љубиша Кобас тоа е арт форма. Си ги памти лагите и само ги надоградува: за петелот кој тежи 180 кила, за кучето кое јаде лимени буриња неделно пошто има дефицит од железо во крвта.... Во Приједор има натпревар кој се вика Лажијада. Таму Кобас настапува како почесен гостин, вон конкуренција.

Кога Кобас во лет поправал Боинг 747 пошто алтернаторот... Ама нема шелна па морал од стјуардесата да позајми ластиче за коса....

За јајцето од 10.000 евра а се загрева шест дена со два бренера до 600 степени за да порасне во петел со распон на крила од 4,58 под кои луѓе се кријат од сонцето... И за кучето Боби кое трча 380 километри на саат и во трк фаќа испукани сачми.

Назад на локални приказни: Знаете ли кога Чешлар го возел Томе на Томосот, на сантим пред облак полн со дожд. Кога стигнале, Чешлар сув а Томе позади утоп мокар.

 

 

13 февруари 2024 - 10:44