Балканска економија за почетници

Просто а убедливо објаснување како функционира српската економија, при што не сме убедени дека тоа важи само за Србија. Меѓу другото има и едно логично објаснување зошто постојано расте цената на станбениот простор. Парадоксално е што ако запре шемата на една таква економијата која се темели на кредити, субвенции и корупција, дури тогаш рикнува сè.

Како функционира целото ова со инвестициите, фабриките кои се отвораат и генерално целата наша економија?

Ќе земеш пари од ММФ, Светска банка, Кинези, Арапи, небитно, после на странец му даваш земја, инфраструктура, работници и огромни субвенции, за да прави фабрика.

 Од каде пари за тие субвенции? Баш од тие кредити. Тоа значи дека ние ги финансираме тие фабрики со позајмени пари.

Потоа инвеститорот ќе направи фабрика, цел профит ќе го извлече надвор а оние пари треба ние да ги враќаме. Тоа е како кога јас би ви позајмил 100 евра, вие би ми вратиле 100 евра преку субвенции ама и понатаму ми должите 100 евра. Или јас подигнам станбен кредит и ви дадам пари да купите стан на ваше име, а јас го исплаќам. Накратко, странецот своите пари ги удвостручил. Плус на долгот оди камата, плус добил сè џабе, профит, генијално. И после оној оди, се слика, отвора фабрики а народот се пали.

Дел од тие субвенции се враќаат преку провизија бидејќи оној кој сето тоа им го обезбедил на странците, треба да заработи.

И ете ви црни пари.

Тие црни пари понатаму се вложуваат во градежништвото, друг дел во тој сектор е уфрлен од нарко пазарот. И затоа цената на недвижностите расте, бидејќи побрзо ќе се исперат милион евра преку 200 квадратни метри по 5.000 евра отколку преку 500 квадрати по 2.000 евра.

Потоа низ градежниот сектор дел од тие пари се враќаат во буџет и така се финансира јавниот сектор. Но, тоа ви е како алкохоличар нагло да престане да пие. Што може да се случи? Да умре. Ние сме дојдени во таа парадоксална ситуација дека кога оваа мега корупција би се стопирала, ние истиот момент би влегле во должничко ропство и сè би застанало бидејќи целата наша економија се темели на кредити, субвенции и корупција. И затоа „Србија не смее да запре,“ чисто да ви го објаснам слоганот на кампањата.

Накратко:

12 септември 2024 - 14:41