Билдерски јајца

О ти, момче/девојче/нон-бајнари
Младо
Шо паѓаш у несвес по
Авокадо
Облечи ја твојата фитнес мајца
Ќе те учам да правиш билдерски јајца

Авокадото го сецкаме
На танки ленти
Иако сме за сецкање анти-таленти

Потоа парчињата ги тргаме на страна
Ах таа супер-храна,
со боја на Игуана.

Еј ти, премачкај го огноотпорниот сад
Со З Еј ти Н.
Во него убаци јајца, три комада
Доста се, па не храниш цела бригада.

Врз јајцата стави зачини
Не бирај средства и начини
Сол, бибер, буковец и лук у прав
Билдер ќе стануваш
Значи не си здрав.

Додај го авокадото на крај
Рендан пармезан обавезно стај
На најјако ја вклучи старата рерна
Ок, не мора да е стара, може и модерна

7-10 минути печи
Извади, послужи, седни и гмечи
Има у тератана да пуцаш ко динамит

Благонадежен билдеру,
Бон Апетит

Кирил - six pack - Стоименов
(лименки не стомачни)

24 октомври 2021 - 11:13