
Завршниот американски документ што посредникот Стив Виткоф го претставил пред европски претставници во Париз на 17 април:
Рамка за договор меѓу Русија и Украина
Преглед: Овие услови ја претставуваат конечната понуда од САД до двете страни.
Прекин на огнот:
- Траен прекин на огнот;
- Двете страни веднаш се вклучуваат во преговори за техничка имплементација.
Безбедносни гаранции:
- Украина добива силна безбедносна гаранција;
- Земјите-гаранти ќе бидат ад хок група на европски држави плус неевропски држави;
- Украина нема да бара влез во НАТО;
- Украина може да се залага за членство во ЕУ.
Територија:
- САД обезбедуваат де јуре признавање на руската контрола на Крим;
- САД обезбедуваат де факто признавање на руската контрола врз Луханск;
- САД обезбедуваат де факто признавање на деловите од Запорожје, Доњецк и Херсон што се под руска контрола;
- Украина ја добива назад територијата во Харковската област;
- Украина ја добива назад контролата врз нуклеарната централа Запорожје преку американска контрола и администрација на централата, со дистрибуција на струја до двете страни, исто и браната Каховка;
- Украина ужива непречен премин по реката Днепар и контрола на Кинбурн.
Економија:
- САД и Украина спроведуваат економска соработка / договор за минерали;
- Украина целосно ќе се реконструира и ќе добие финансиски компензации;
- Ќе бидат отстранети санкциите за Русија што произлегуваат од овој конфликт од 2014 година;
- Економската соработка на САД и Русија во енергетиката и другите индустриски сектори.
*****
А ова е европскиот документ што на 23 април им бил доставен на САД:
Рамка за договор меѓу Русија и Украина
Прекин на огнот:
- Целосен и безусловен прекин на огнот на небото, на копно и на море;
- Двете страни веднаш почнуваат преговори за техничка имплементација со учество на САД и европските земји. Ова е паралелно со подготовката на агендата за целосен мировен договор;
- Набљудување на примирјето, предводено од САД и поддржано од трети земји;
- Русија мора безусловно да ги врати сите депортирани и нелегално раселени украински деца. Размена на сите воени заробеници (по принципот „сите за сите“). Русија мора да ги ослободи сите цивилни затвореници.
Безбедносни гаранции за Украина:
- Украина добива силни безбедносни гаранции, вклучително и од САД (како Членот 5 од НАТО), додека нема консензус меѓу сојузниците за членство во НАТО;
- Нема ограничувања за украинските одбранбени сили;
- Гарантите ќе бидат ад хок група од европски и неевропски земји. Нема ограничувања за присуство, оружје и операции на пријателски странски сили на територијата на Украина;
- Украина се залага за пристапување во ЕУ.
Територија:
- Територијалните прашања ќе бидат дискутирани и решени по целосен и безусловен прекин на огнот;
- Територијалните преговори почнуваат врз основа на линијата на контрола;
- Украина ја добива назад контролата врз нуклеарната централа Запорожје со учество на САД, како и врз браната Каховка;
- Украина ужива во непречен премини по реката Днепар и контрола на Кинбурн.
Економија:
- САД и Украина спроведуваат економска соработка / договор за минерали;
- Украина ќе биде целосно реконструирана и финансиски компензирана, вклучително и преку руските суверени средства што ќе останат замрзнати се додека Русија не ја надомести штетата на Украина;
- Американските санкции наметнати на Русија од 2014 година може постепено да бидат ублажени откако ќе се постигне одржлив мир и да бидат обновени во случај на прекршување на мировниот договор.