Бугарската полиција уапси 13 луѓе, од кои 11 се фудбалери. Уапсените се членови на Черноморец и градскиот ривал од Бургас, екипата на Нефтохимик под сомнение дека учествувале во местење на натпревари.
До крајот на сезоната во Шпанија треба да се одиграат уште 23 кола, но интернет кладилницата Betfair им ги исплати добивките на оние кои имаа уплатено дека Барселона ќе биде шампион.
Ракометните стручњаци и кладилниците се согласни дека женската репрезентација на Македонија е аутсајдер на Европското првенство, но нашите девојки ќе се потрудат да им ги замрсат сметките на фаворитите.
Македонскиот фудбал памети неколку големи изненадувања (пр. Андора-Македонија 1:0), но тоа не е ништо во споредба со изненадувањата на некои натпревари од светскиот фудбал од кои најмногу настрадале кладилниците.
Или можеби треба да пишеме „ах тој судија". Колку ли само тикети ќе беа добитни ако судијата најнапред не го поништеше голот на Агуеро во 88-та минута, а потоа досудеше пенал за влечењето на Балотели во 95-та минута.
Недобитните тикети ги ставаме во категорија „малери“, ама овој е махер. Треба да си стварно махер да составиш тикет со волку промашени. Го молиме махерот следното коло да ни ги испрати неговите типови за ние да уплатиме контра.
Вечерва стартува 67-та сезона од најквалитетното светско кошаркарско натпреварување. Мајами Хит е најголем фаворит за одбрана на тронот во НБА лигата, а Лејкерс и Оклахома ќе се обидат да им го украдат шампионскиот трофеј.
ФИФА ја објави листата од 23 номинирани фудбалери за признанието за најдобар фудбалер на светот во 2012-та година, по што и на кладилниците не им требаше многу време да ги објават своите коефициенти според кои Лионел Меси е главен фаворит за освојување на наградата по четврти пат.
На фудбалскиот клуб Наполи каде во моментов настапува Горан Пандев, му се заканува казна со одземање на бодови затоа што четворица фудбалери од овој клуб во 2010-та година биле вклучени во обид за местење на натпревар против Сампдорија.
Газдата на Локомотив Пловдив им се закани на фудбалерите и стручниот штаб дека ќе ги прати на детектор за лага, но во Сингапур тоа веќе е задолжителна постапка која ја спроведува фудбалската федерација.