Мечот меѓу Танасис Кокинакис и Александар Вукиќ на турнирот во Аделаиде беше прекинат во еден момент откако гавран непрекинато се огласуваше од под сводовите на трибините. Вукиќ беше деконцентриран да сервира, па го гаѓаше со топчето.
Неколку часа откако се стиши бурата околу најдобриот светски тенисер и властите во Австралија, денес стигнуваат нови вести од Мелбурн. Нималку пријатни за светскиот рекет број 1.
Легендарната трка Дакар која се вози уште од 1979-та година во 44. издание кое почна од 1 јануари и ќе заврши на 14-ти, се вози низ Саудиска Арабија од Хаил до Џеда. На женската трка, на екипажот од Шпанија, Мерсе Марти и Марго Јобер им се преврте возилото па локалните Арабијци им помогнаа да го кренат и да го вратат на патеката.
Најдобриот тенисер во светот ја признава грешката што позитивен на Ковид дал интервју за француски Л`екип и објасни кај била утката при влез во Австралија.
Презентерското дуо на австралиската телевизија Канал 7, изгледа подзаборавиле дека камерата може да снима и кога се местат за вести. Па сега им преостанува она „Ама не, ние не мислевме така“. Резил.
Новинарот Адриан Арчули на својот Твитер профил објави видео од првиот тренинг на најдобриот светски тенисер со неговиот тренер Горан Иванишевиќ. Во еден момент Ѓоковиќ откако удира форхенд самиот на себе си вика: „Ајде, бре, Новаче, како да победам овде...“
Случајот на Новак Ѓоковиќ кој веќе неколку дена е главна тема во сите светски медиуми фрла светло на бегалците кои се исто затворени во имиграцискиот центар со години. Се огласи еден Иранец кој побара од Новак да зборува јавно за нив.
Освои 20 гренд слем титули, колку Надал и Федерер, држи еден куп рекорди, го сакаат милиони обожаватели, стекна светска слава, ама се добива впечаток како на некој да му смета.
Стотици поддржувачи на светскиот рекет број 1 Новак Ѓоковиќ неколку часа стоеле пред канцеларијата на неговите адвокати од каде пред неколку минути тенисерот излегол со кола. Во еден момент настанал метеж а полицијата со солзавец ги растерувала присутните.
Ксенија Павловиќ МекАтир, новинарка кореспондент од Белата Куќа во САД на својот Твитер профил објави дека разговарала телефонски со татко му на Новак, Срѓан Ѓоковиќ и дека тој ѝ кажал дека тенискиот ас е уапсен.
Балканците кои живеат во Австралија, непрекинато му даваат поддршка на српскиот тениски ас. Меѓу нив има и Македонци, а на репортоарот имаше и македонска песна. Ептен веселата ја направија.
Федералниот суд во Мелбурн донесе одлука Новак Ѓоковиќ да биде ослободен, откако судијата Ентони Кели утврди дека по пристигнувањево во Австралија, визата неосновано му била укината.
Најдобриот тенисер во светот е четврти ден во миграцискиот хотел во Мелбурн. До вторник се очекува да се знае дали ќе биде дел од турнирот на кој е рекордер со 9 гренд слем титули.
Австралиските власти го сместија Новак Ѓоковиќ во Мелбурн, во хотел со 46 бегалци, а таму денеска е весело. Срби што живеат во Австралија се собраа да му дадат поддршка на свој празничен начин, а друга група на луѓе протестираа и бараа ослободување на мигрантите.
Сагата за Новак Ѓоковиќ почна синоќа и како што стојат работите ќе трае до поденелник, бидејќи најдобриот тенисер во светот до тогаш ќе биде во имиграциски хотел во Австралија, откако поднесе жалба за одбиената виза. Во меѓувреме се селиме во Белград.
Најизговорениот и најпишуваниот спортски збор во Македонија во текот на Летните Олимписки игри, без конкуренција беше теквондо. Заслугите за тоа одат кај Дејан Георгиевски, скромното и храбро момче кое до финале ги истепа сите и стана вицешампион во светот.
На предновогодишната прослава на Партизан, пејачот ги измеша брзините. Треба да ги види реакциите на Жељко Обрадовиќ и Предраг Даниловиќ и да заборави на бакшиш цела вечер.
Јапонскиот ски скокач Рјоју Кобајаши е победник на првата станица од традиционалната новогодишна турнеа Четири скокалници. Кобајаши, кој е второпласиран во генералниот пласман на Светски Куп, обезбеди триумф со вториот маестрален сок.
29 декември е црн датум за навивачите на германскиот ас и општо љубителите на автоспортот. На тој ден седумкратниот светски шампион од Формула 1 Михаел Шумахер доживеа тешка черепно-мозочна повреда на француските Алпи: паднал за време на скијање.