Кошарка

Во последниот ден за трампи во НБА, не знаеш кај ќе удри

Ниту репортерот се возбуди, ниту кошаркарот се потруди да му се извини. Надреално безчувствителна сцена од двете страни. Исто како да не се случила.

Како ли ќе изгледа сега тоа со Дончиќ?

Лука Дончиќ го пропушти и третиот меч по ред поради повреда. Неговите Далас Маверикс играа против ЛА Клиперс на гости и победија 110-104. На овој меч за Мавси дебитираше суперѕвездата Кајри Ирвинг кој неколку часа претходно дојде од Бруклин Нетс како огромно засилување за Далас пред плејофот. Ќе биде интересно да се види каков ќе биде односот меѓу Кајри и Лука со оглед на тоа што и двајцата сакаат што повеќе топка во свои раце, знаат да бидат незгодни во односот и експлозивни во реакциите.

Мега трампа во НБА во последен час - големи суперѕвезди сменија средина

Големите суперѕвезди Кевин Дурант и Расел Вестбрук пред истекот на прозорот кој овозможуваше промена на средината, потпишаа договори со нови клубови во НБА.

Моментот кога го снимаш татко ти како станува стрелец број 1 во НБА

38 годишниот Леброн Џејмс има три деца: Бруни (18), Брус (15) и Жури (8). Двајцата синови со мобилни му го бркаа епскиот рекорд и направија бесценети клипови.

Неповторливи рекорди во НБА кои му се недостижни дури и на Леброн

Триесет и осум годишниот Леброн Џејмс на 10,9 секунди пред крајот од мечот со Оклахома погоди шут за два и тоа значеше вкупно 38 поени на крајот од средбата или 38.388 досега во кариерата.

Гугл во чест на Леброн Џејмс

По пауза од 39 години, соборен е рекордот по број на постигнати поени во најсилната кошаркарска лига во светот. Тоа го стори „Кралот“, еден од најдобрите кошаркари во историјата кој 20 години игра во топ форма. Напишете го на Гугл да видите како го испочитуваа.

Трипл-дабл на Јокиќ за едно полувреме

Во вечерта кога Леброн Џејмс влезе во вечноста откако постигна 38 поени и се искачи на прво место на вечната листа најдобри стрелци во историјата на НБА, и Никола Јокиќ имаше нова партија за насловни страни.

Цела НБА е на нозе, Кралот Џејмс се искачи на тронот

Леброн Џејмс стана најдобар стрелец на сите времиња откако го мина Карим Абдул Џабар кој го држеше рекордот 39 години. Мечот беше во прекин, а Џабар на лице место му честиташе на Леброн за неверојатниот подвиг.

Акцијата број 1 на дербито во изведба на цела петорка на МЗТ

МЗТ и Работнички одиграа дерби за мерак со голема неизвесност, навивачки шмек од страна на двете групи, пиротехника и без инциденти. Аеродромци славеа 91:87, а најдобар на паркетот беше Војдан Стојановски со 26 поени, 5 скока и 4 асистенции. Одиме со најубавата акција на мечот во режија на победниците.

Тренерот на МЗТ Скопје во свој елемент

МЗТ Скопје го доби големото дерби во Јане Сандански против Работнички со 91:87, ама во цел регион сè уште хит број 1 е реакцијата на Драган Николиќ, кој лудо ја прослави првата победа во АБА лига против Цедевита Олимпија.

Тепачка во НБА, судијата на под

Синоќа беше бурно во најдобрата светска лига. Јанис Адетокумпо одигра страшен меч, постигна 54 поени со 19 скока, а ова му е дури трет пат на 11 средби на кои дава најмалку 50+ поени. Лука Дончиќ одигра маестрално и уфрли 31 поен со 8 скока и 4 асистенции во триумфот на Далас Маверикс над Њу Орлеанс, но се повреди на средина од третиот период и излезе од игра. На мечот Мемфис - Кливленд Кавалирс, Донован Мичел и Дилон Брукс се фатија во клинч па за малку беше избегнат поголем инцидент.

Јокиќ со смешна реакција на новинарско прашање

Откако против Њу Орлеанс Пеликанс оствари нов трипл-дабл, 16-ти сезонава и вкупно 92. во НБА кариерата, Никола Јокиќ постојано добива прашања од новинарите дали и колку таквата статистика му значи? Јокиќ имаше урнебесна реакција.

Какви врвни баскет трикови на Јокиќ, коментаторите воодушевени

Денвер Нагетс го совлада Њу Орлеанс 122:113 и дополнително ја зацврсти позицијата пред плејофот. Јокиќ забележа нов трипл-дабл, дури 16-ти сезонава, а вкупно 92 во кариерата. Интересно, на сите 16 трипл-дабл учиноци на српскиот репрезентативец, Денвер Нагетс славел победа.

Антиќ: Јокиќ и Дончиќ се пример за децата, играат со срце, а не за пари

Перо Антиќ како прв човек на КФМ гостуваше во Грција, каде даде интервју за Eurohoops TV. Зборува за НБА, Никола Јокиќ, Лука Дончиќ, Фенербахче, Олимпијакос, а за Богдан Богдановиќ вели дека е полуд по кошарка од Жељко Обрадовиќ и дека кога биле цимери до 4 сабајле гледал натпревари.

Како тоа со едно додавање две асистенции?

Феноменот Дрејмонд Грин ќе ви покаже како оди тоа.

Нова неверојатна партија на Дончиќ, броеше над 50 поени

Кошаркарите на Далас Маверикс со 111:105 го добија мечот против Детроит Пистонс а нов натпревар за паметење одигра Лука Дончиќ. Словенечкиот ас блескаше и по петти пат во кариерата постигна 50 или над 50 поени.

Тајм-аут шоу на тренерот на љубљанска Цедевита Олимпија

Тренерот на Цедевита Олимпија Јурица Големац за време на мечот против Будуќност кој црногорскиот тим го доби убедливо 80:58, жестоко му викаше на својот играч Амар Алибеговиќ  додека траеше тајм-аут.

Каква вечер за Охриѓанецот Џеди Осман

Дваесет и седум годишниот репрезентативец на Турција, роден во Охрид веќе неколку сезони е дел од НБА и има важна улога во Кливленд Кавалирс. Осман синоќа одигра неверојатен меч и во триумфот над ЛА Клиперс 122:99 постигнал 29 поени со шут за три седум од седум за 21 минута на паректот. Најдобар негов тројкашки меч откако е во НБА.

Ѕвезда на ЛА Лејкерс опколена од полиција под полна опрема како да е криминалец

Големата НБА ѕвезда Денис Шредер (29) кој игра за Лејкерс и германската репрезентација, после синоќешниот меч кој Лејкерс го доби 113:104 против Сан Антонио, бил застанат од полициски службеници и му биле ставени лисици затоа што мислеле дека неговото возило е украдено.

Дечки јас морам да доставам храна, вие играјте до утре ако сакате

На дуел од универзитетската лига во САД меѓу Лојола Чикаго и Дјукејн, еден доставувач на храна ладно си помина на сред терен по паркетот додека се играше кошарка.

Најчудно исклучување во кариерата на Стеф Кари

Супер интересен дуел одиграа синоќа Голден Стејт Вориорс и Мемфис Гризлис. Во еден момент во финишот од мечот судијата го исфрли Стеф Кари од игра поради тоа што во нервоза поради промашен чист кош на неговиот соиграч Џордан Пул силно ја фрли заштитната протеза на паркет. Потоа на 2,6 секунди до крајот при резултат 120:120, Џордан Пул дава кош за победа 122:120 и го зафркава Кари во подтрибинскиот простор.

Епска НБА партија на Леброн Џејмс кој се надмина себе си

Лос Анџелес Лејкерс загубија дома во градското дерби од Лос Анџелес Клиперс со 115:133, но никој не зборува за поразот, туку за историските подвизи на неверојатниот Леброн Џејмс кој на 38 години ги поместува границите во НБА.

Елегантни поени на Јокиќ на 16 секунди до крај вредни победа за Денвер

Нема одбрана што може да го сопре Никола Јокиќ. По два меча пауза се врати на паркетот и му донесе триумф на својот тим со нов трипл дабл кој му стана рутина.

Македонски Ол стар на кој треба да го спуштат кошот уште подоле

Покрај Бизнис лига во фудбал, во Македонија се игра и Бизнис лига во кошарка. Кулминацијата на нивното спортско дружење се случува на крајот на 2022-ра со Ол стар. Да видиме како им помина натпреварот во забивање со спуштени кошеви. Ако жирито е фер, највисоката оценка треба да му ја даде на играчот со број 42 кој има обид за пируета, од која ќе видите и репетиција.