Белгија со преубедливи 102:59 ја демолираше кошаркарската селекција на Словачка и отиде во следната втора фаза од квалификациите за Светско првенство во кошарка. Мечот ќе се памети по едно чудно, баш чудно забивање на најдобриот поединец на натпреварот, Белгиецот Ретин Обасохен кој имаше 18 поени за 19 минути на терен.
НБА лигата ги виде Мајкл Џордан, Меџик Џонсон, Шекил Онил, Коби Брајант, Леброн Џејмс и кој уште не, ама го немаше Никола од Сомбор, кој дојде, покажа како се игра кошарка и стана уникатен мадр факр лик.
Словенија пред преполна сала во Љубљана ја разби репрезентацијата на Хрватска со 97-69 во квалификациите за Светско првенство и „змајчеки“ сега се први во група Ц со учинок 3-2. Хрватска со 1-4 е на раб на елиминација. Лука Дончиќ со 21 поен, со 8 скока и 10 асистенции и Драгиќ со 19 поени имаа одличен натпревар а самото нивно присуство беше доволен мотив за Словенците да летаат по паркетот.
Џеди Осман, еден од лидерите на Кливленд Кавалирс во НБА лигата, деновиве престојува во Охрид каде направил свадбена прослава со неговата вереница Ебру Шахин, најпозната турска актерка. Татко му на Осман е Турчин од Охрид, а мајка му е од Нови Пазар во Србија.
Доаѓа обично на сред партија, влетува во терен како да го освоил Њу Мексико и ладно го бара баскетот, за да покаже дека без старца нема ударца. И најчесто му поаѓа од рака.
Малку познати факти од кариерата на Мајкл во еден друг спорт каде не само што се срамел и бил понижуван, туку и бил исмеван од јавноста. А имал само еден повод да отиде од НБА каде беше крал. Не за слава, не за пари, не за моќ.
Кошаркарите на Србија во 3х3 го освоија светското првенство и се закитија со злато по петти пат во последните осум години откако во големото финале на овој баскет Мундијал ја совладаа Литванија 21:16. Веднаш по крајот на мечот на разглас се заори еден хит кој Златан Ибрахимовиќ го промовираше дури и на Сан Ремо и на прослава на скудето на Милан.
Светската фудбалска ѕвезда Килијан Мбапе за кого ургираа претседатели на држави, секретари, министри преговараа да остане во ПСЖ и да не оди во Реал Мадрид, во моментов е во САД каде присуствуваше и на НБА драфтот. Покажа дека има одлична лева рака (а на фудбал шутира со десна).
Двајца навивачи на Шарлот Хорнетс го чекале Ламело Бол, но наместо него, од гаража им се појавува Ем Џеј, кој е инаку газда на клубот. Му бараат фотка, ама ги одбива, а некои медиуми пишуваат дека за тоа што го снимаат со телефон им рекол: „Спушти го тоа срање доле“.
Салата Азовмаш е дом или за жал беше читав дом на седумкратниот украински првак Мариупол, кој е патем и пет пати освојувач на Купот на Украина, како и финалист во Еврокупот во 2007-ма. Само обрачот виси.
Македонскиот стратег кој ја почна тренерската кариера на 27 години во Карпош Соколи, слета во Москва, а Русите го пречекаа како прави домаќини и направија мини шоу од неговото пристигнување.
И кога пола екипа беше десеткувана и мораше без својата втора половина од Сплеш браќата, и кога Вориорс паѓаа во ритам во текот на сезоната па мораше да се држат на место кое води во плејофот, капитенот ги водеше. Во плејофот ги нижеше Нагетс, Гризлис и Маверикс за да на крајот му го земе скалпот и на Бостон Селтикс. И тоа среде „ТД Гарден“ на гостински паркет.
Во 2006-та година легендарниот Гери Пејтон станува шампион во најсилната лига на светот. Шеснаесет години подоцна до злато вредниот трофеј, медал и шампионски прстен стигнува и син му Гери Пејтон II. Вакви примери низ историјата има малку.
Членот на „Сплеш браќата“, Клеј Томпсон, еден од најдобрите шутери кои НБА ги имала во последниве 20-ина години, после тешката повреда и 2-годишно отсуство од паркетите, се опорави, се врати и имаше огромен придонес во освојување на нова титула на Голден Стејт Вориорс.
Веќе 11 години како е сиромашна НБА лигата без еден од најдобрите и најпопуларни центри во историјата. Ама сепак го има секаде и уште знае како да импресионира.
Ако прашате фанатик по НБА од 90-те, кои беа главни џокери на Чикаго, сигурно ќе ви набројат двајца, Тони Кукоч и Стив Кер. Препознатливата 25-ка беше незгоден тројкаш и роден шампион и тоа во две улоги.
2015, 2017, 2018, 2022. Четврта НБА титула во последните седум сезони за Вориорс и вкупно седма во историјата со која го поминаа Чикаго Булс и се искачија на третата позиција по број на титули. Време е за рап.
По страшно напорната сезона со безброј натпревари, кошаркарите на Голден Стејт конечно можат да здивнат и со прослава на нова шампионска титула да го исфрлат целиот психолошки товар кој го носеа сезонава. Заслужено се на врвот иако беа четврти фаворит за титулата пред сезоната.
Да го хејташ најдобриот шутер во историјата на НБА лигата, дека не дал ни една тројка во петтиот натпревар е злочин. Ноќеска им врати на хејтерите со шест комада и влезе во елитата од седум играчи кои имаат минимум четири НБА титули и две МВП награди за регуларната сезона. Другите се Карим Амбдул Џабар, Тим Данкан, Леброн Џејмс, Меџик Џонсон, Мајкл Џордан и Бил Расел.
Кошаркарите на Голден Стејт Вориорс се одново прваци во НБА лигата, откако во финалната серија беа подобри од Бостон Селтикс со 4:2. Стефон Кари блесна кога најмногу требаше и им ја затна муцката на критичарите.
Човекот кој наликува на големата суперѕвезда и повеќекратен НБА шампион Клеј Томпсон, „мртов-ладен“ си се ушуњал во „Чејс центар“ арената во Сан Франциско каде после некое време се играше 5. меч од големото финале меѓу Голден Стејт и Бостон Селтикс кој воините го добија за 3-2. Некои од вработените дури и му викаат: „Ја имаме утакмицава Клеј“.
Во големото финале на шпанската АЦБ лига, Реал Мадрид пропушти голема шанса да земе уште еден брејк во Барселона против најголемиот ривал. Реал водеше 0-1 во серијата, а синоќа на вториот меч “кралевите“ имаа последен напад за продолжение и победа но не успеаа.