Кошарка

Сплит го победи Партизан после цели 27 години

Пред околу 7.000 гледачи во белградска „Арена“ кошаркарите на Партизан загубија убедливо од Сплит 74:67 во рамки од 19. коло на јадранската АБА лига. Ова е прв триумф на Сплит против Партизан после 17 порази по ред и прва победа после цели 27 години.

Дојди чичо Никола да ти покаже една стара финта

15-ти трипл дабл сезонава за Јокиќ или вкупно 120-ти во кариерата на мечот против Портланд викендов, кој го заврши со победа од 120:108 и учинок од 27 поени, 22 скока, 12 асистенции, 2 бокади и една украдена топка. Само два дена подоцна Денвер повторно одигра против Портланд и повторно славеше овој пат со 112-103. Јокиќ го заврши мечот со 29 поени, 8 скока и 7 асистенции. Деандре Ајтон се обиде да го чува на тројка, ама се укочи.

Американските коментатори за тројката на Јакимовски: „Скопје, Македонија, Крива Паланка“

Македонскиот репрезентативец, Андреј Јакимовски постигна 13 поени од кои три тројки, а имаше 5 скока и 4 асистенции. На една од тројките за Вашингтон Стејт кој го доби градскиот ривал Вашингтон 90:87, коментаторите почнаа да редат: „Скопје, Македонија, Крива Паланка“.

Го нема Ембид, ама Макси е тука: 51 рекорден поен

Навивачите на Филаделфија, но и оние кои од близу ја следат НБА ги погоди веста дека Жоел Ембид е повреден и дека го очекува подолга пауза. Таман што Камерунецот влезе во форма, имаше неколку меча со рекордни поени и луди бројки и сега излезе од конкуренција за наградата МВП. Но затоа Филаделфија го има сјајниот Тајрис Макси кој во триумфот против Јута Џез на гости 127:124 постигна дури 51 поен!

Од живиш до шевиш има многу

Стручните коментатори на чело со Чарлс Баркли, Шекил О’Нил и други со нив често во студио се обидуваат со Никола Јокиќ и Лука Дончиќ да зборнат по некој збор на нивните јазици. Така Кени Смит Џуниор се поздравува со суперѕвездата Дончиќ во студио и сака да го праша „како живиш“.

Кои се најдобри поентерски учиноци во НБА сезонава?

Во регуларниот дел од сезоната во НБА како ретко кога големите суперѕвезди имаа неверојатни индивидуални претстави со над 50-60-70 поени.

НБА ѕвезда уапсена поради дрога и оружје

Триесет и седум годишниот Раџон Рондо кој освои две шампионски титули во НБА и 4 пати беше дел од Ол-Стар мечот, синоќа бил уапсен во Индијана поради нелегално држење наркотици, прибор за дрога и пиштол.

45 поени на Дончиќ и нова лудорија и тоа од своја половина

Само два дена откако ја торпедираше Атланта Хокс со страшни 73 поени, Лука Дончиќ го попари Орландо Меџик со нови 45 поени.

Акробатскиот кош на Бразилецот кој го реши белградското дерби

Во вечното дерби кое се играше во 18. коло од регионалната АБА лига, Црвена Звезда го победи Партизан 88:86 и сега двата тима имаат по две победи сезонава против најголемиот ривал односно односот е 2-2 во триумфи. Бразилецот Јаго Дос Сантос го реши мечот со кош во последните секунди од мечот. Во стилот на Џордан.

Животен натпревар на Лука Дончиќ - растури со 73 поени!

Неверојатниот Лука Дончиќ ја одигра најдобрата партија во својата кариера откако во триумфот на неговиот Далас Маверикс против Атланта Хокс 148:143 постигна страшни 73 поени!

Емотивна вечер во Голден Стејт, Вориорс со чашка ракија му оддадоа почит на Милојевиќ

Голден Стејт Вориорс се вратија на паркетот после смртта на нивниот помошен тренер Дејан Милојевиќ а пред мечот со Атланта Хокс му оддадоа почит на српскиот тренер.

Расел Вестбрук без една патика ги понижи Лејкерс

Лос Анџелес Клиперс уште еднаш го совладаа градскиот ривал ЛА Лејкерс, овојпат 127:116 во меч кој го пропушти Леброн Џејмс поради болки во левиот скочен зглоб. Натпреварот го одбележа Расел Вестбрук.

Стеф Кари и Драјмонд Грин за својот Деки

Повеќекратниот шампион Голден Стејт Вориорс се спрема психички и физички за првиот натпревар после речиси повеќе од една недела пауза поради смртта на нивниот помошен тренер Дејан Милојевиќ. Пропуштија два натпревари а тренирале само од понеделникот. Никому не му е до баскет.

118-ти трипл-дабл за Јокиќ, шампионот ја совлада Индијана

Денвер Нагетс ја совлада Индијана на гости со 114:109, а нова фантастична партија пружи двократниот МВП освојувач Никола Јокиќ.

Стив Кер за испраќањето на Милојевиќ од навивачите на Партизан

Еден од најголемите НБА великани, Стив Кер кој како играч има 5 шампионски титули а како тренер 4, изјавил дека цела екипа на Голден Стејт го следела последниот поздрав на навивачите, играчите и управата на Партизан во Белград на мечот со Мега.

Каква ноќ за Ембид - рекордни 70 поени!

Камерунецот од Филаделфија ’76 одигра неверојатна средба во „Велс Фарго“ центарот и со 70 постигнати поени беше најзаслужен за триумфот на неговата екипа над Сан Антонио Спарс.

Емоции до небо во Белград, Партизан и Мега се простија од Дејан Милојевиќ

Кошаркарите на Партизан и Мега се сретнаа во 17-то коло од АБА лигата, натпревар кој мина целосно во знакот на прерано починатиот кошаркарски стратег за кој тагува цела Србија и пошироко.

Каква чест за Јокиќ, во Вашингтон му скандираа „МВП“

Нова асистенција без да гледа или „No look pass“, мајтапење под кош во стилот на Олајџувон, 26 поени само во прво полувреме и на крај признание за титулата МВП и од домашната публика.

Јокиќ измами двајца противници да направат престап

Србинот одигра нова блескава партија со 34 поени, 12 скока и 9 асистенции против Бостон Селтик, кој Денвер го доби тесно со 102:100. Погледнете го каква финта им продаде на Џејлен Браун и Кристапс Порзингис, додека Арон Гордон изведуваше слободни фрлања на 17 секунди до крај.

Цела НБА зборува за потегот на Ентони Едвардс

Минесота направи пресврт против Мемфис и го доби со 118:103, а потегот на мечот, месецот и можеби на сезоната го има Ентони Едвардс кој блесна со ол стар потег и ги збесна сите.

Првото и последното интервју на Милојевиќ со истиот водител

Животната судбина е многу чудна и некогаш нема прави одговори на некои прашања. Пред само девет дена српскиот тренер Дејан Милојевиќ кој во 2022-ра стана НБА шампион со Голден Стејт Вориорс, зборува со уредникот на спортската програма на РТС Александар Стојановиќ во неговиот подкаст АЛЕСТО. Се потсеќаат дека и првото интервју на Милојевиќ на мали години бил исто со Стојановиќ.

Деки пред 9 дена: Сакам секој ден и секоја година да ми бидат убави и весели

Многу луѓе од кошаркарскиот свет се скршени поради смртта на Дејан Милојевиќ, затоа што важеше за голем борец, карактер и пред сè предобар човек. Во последното интервју вели дека ги сака годините кои ги има, бидејќи во нив го научил најдоброто нешто што во животот, а тоа е да ужива во моментот и да не прави долгорочни планови.

Какво душманско забивање на Едвардс

Минесота Тимбервулвс игра неверојатно добро и со 29 победи е прва во Западната конференција пред Оклахома Тандер и Денвер Нагетс. Синоќа со 124-117 го совладаа Детроит Пистонс предводени од неверојатните Ентони Едвардс (27 поени, пет скока, осум асистенции) и Карл-Ентони Таунс (27 поени, шест скока, четири асистенции). Овој првиов имаше и невозможно забивање.

Асистенцијата на Дончиќ за која Леброн им објаснуваше на клупа

Лука Дончиќ пружи фантастична партија со трипл дабл од 33 поени, 13 скокови и 10 асистенции. Но сепак тоа не беше доволно за Далас да го победи Лос Анџелес Лејкерски кој славеше со 127:110. Словенецот направи асистенција со која ги збуни сите и за која Леброн Џејмс продолжи да зборува и на тајм аутот.