Кошарка

Душко Вујошевиќ се раплака во емисија: „Отиде најдобриот што сум го тренирал“

По сјајните сезони во Будуќност Подгорица, Дејан Милојевиќ добил богати понуди од Динамо Москва и од Црвена звезда, но сакал да работи со тренерот Душко Вујошевиќ и потпиша со Партизан. Со белградските црно-бели играше во Евролига и играше во две финалиња на Јадранска лига.

Развојот и пресвртницата на Јокиќ со помош на Милојевиќ

Велат дека да не постоел Дејан Милојевиќ, Никола Јокиќ немаше да биде тоа што е денес. Беше познат како еден од ретките тренери од Европа кој имаше привилегија да работи во НБА, каде прати дури 11 играчи на драфтот.

Сите натпревари во НБА започнаа со минута молк за Деки

Познатиот кошаркарски тренер Дејан Милојевиќ (47) почина а таа вест ја потресе кошаркарската заедница како во НБА така и во регионов.

Што му шепна Ембид на Јокиќ?

Џоел Ембид, како МВП во регуларниот дел од сезоната, ја доби пресметката против Никола Јокиќ кој беше прогласен за МВП на финалната серија, откако Филаделфија славеше против Денвер со 126:121. Ембид после мечот му кажал на Јокиќ дека е најдобриот играч во лигата.

Најдобрите акции на годината во НБА

Најсилната лига на светот и во 2023-та демонстрираше атракции, шоу и спектакл. Од НБА стигна видео со најдобрите 100 акции кои ја одбележаа целата календарска година.

Од кај ти е жената од таму си ти

Големата НБА суперѕвезда Пол Џорџ веќе неколку години е во брак со Србинката Данијела Рајиќ. Тој често ги користи летните паузи во НБА да сврати во Белград каде неколку пати излегувал со сопругата во ноќните клубови. Сега со соиграчот Ивица Зубац од Хрватска проба да каже што научил.

Каква нова партија на Никола Јокиќ

Само неколку часа откако го совлада Њу Орлеанс, шампионот Денвер Нагетс ја победи и Индијана Пејсерс 117:109 во дербито на вечерта во НБА. Никола Јокиќ го заврши дуелот со 25 поени, 12 скока и 9 асистенции и му фалеше само уште едно успешно додавање за нов трипл-дабл.

Нова атрактивна асистенција на Јокиќ

Денвер го совлада Њу Орлеанс 125:113, а Никола Јокиќ оствари нов трипл дабл со 27 поени, 14 асистенции и 10 скока. Погледнете на каков начин го пронајде Арон Гордон.

Кармело Ентони со чудна теорија за 15-та на Јокиќ

Еден од најдобрите кошаркари кои некогаш играле во НБА лигата, врвниот Кармело Ентони (39) веќе подолго време е во пензија. Тој беше еден од водечките играчи во цела лига и лидер на Денвер Нагетс. Во еден популарен подкаст во САД, Кармело Ентони вика дека кога Никола Јокиќ дошол во клубот намерно му ја дале 15-та која претходно ја носел тој за да „го избришат наследството од Мело“.

Бекам и Роналдо гледаа НБА меч во Париз

Најдобрата кошаркарска лига на светот во последните неколку сезони практикува во текот на годината да ги прати екипите да одиграат меч од редовно коло во европските метрополи. Така на меч во Париз меѓу Бруклин и Кливленд Кавалирс шоуто го следеа и Бекам и легендарниот Роналдо.

Дарко грмеше по поразот од ЛА Лејкерс

Тренерот на Торонто Репторс, 44-годишниот Србин Дарко Рајаковиќ беше бесен по синоќешниот пораз на неговиот тим од ЛА Лејкерс 132:131.

Како тоа изгледа од паркетот, од лице место

Во 19. коло од најдобрата европска клупска кошарка Евролига се одигра и вечното белградско дерби меѓу Црвена звезда и Партизан. Го добија црвено-белите 88-72 а атмосферата од трибините со воодушевување се споделуваше на друштвените мрежи. Евролига за овој меч им доделила и P.O.V камери на главните судии па еве како тоа изгледало од лице место:

Необичниот учинок на Јокиќ со Пистонс

Шампионот Денвер Нагетс славеше нов триумф, овојпат над Детроит Пистонс 131:114 а Никола Јокиќ имаше чуден учинок од само 4 поени и дури 16 асистенции и пет блокади. Од сите асистенции на Јокиќ, две беа посебно импресивни. Најзаслужен за победата на Нагетс беше Џамал Мареј со 33 поени и четири асистенции, Мајкл Портер додаде 15 а Пејтон Вотсон 13 поени.

Забивање на вечерта од првиот пик на драфтот

Милвоки Бакс го совлада Сан Антонио Спарс 125:121 во меч во кој Џанис Адетокумбо постигна 44 поени со 14 скока и 7 асистенции, а Дамјан Лилард додаде 25 поени со 4 скока и 10 асистенции. Сепак моментот на вечерта го украде младиот Французин Виктор Вембанјама со забивање на сопствена асистенција.

Јокиќ е луд, погоди тројка од паркинг со звукот на сирената за победа

Актуелниот шампион на НБА му приреди сензационален пресврт на Голден Стејт Вориорс на гости, кој го загуби мечот после водство во последната четвртина од дури 18 поени разлика.

Доминацијата на Вембанјама на 17 години

Првиот пик на драфтот во НБА, Виктор Вембанјама денеска полни 20 години. По тој повод ФИБА објави куса компилација од негови потези на Светското У-19. Противниците му се тргаат кога оди на забивање, што е сосема логично. А што може да му направат на ваков стап?

Нова ѕверска партија на Дончиќ, уфрли 30 уште до полувреме

Далас Маверикс и по трет пат сезонава го совладаа Портланд Трејл Блејзерс, овојпат 126:97 а лидер во триумфот секако беше најдобриот кошаркар на Мавси.

Барса конечно го доби Ел класико со Реал

Кошаркарите на Барселона конечно сезонава го победија вечниот ривал. Во 18. коло од Евролига на домашен паркет Каталонците славеа 83:78 и му го нанесоа на Реал Мадрид само вториот пораз сезонава.

Што ако е 224 см висок, а јас 188, има преку него да ја забијам

Мемфис Гризлис го доби Сан Антонио Спарс со 106:98. Забавата за публиката ја приреди кој друг ако не Џа Морант, кој дрско и храбро успеа да ја забие преку Виктор Вембанјама. Разликата во висина е 36 см.

Јокиќ си поигра под кош на одбојкарски начин

Денвер Нагетс се отвори против Шарлот Хорнетс уште на самиот старт во 2024-та со убедлив триумф од 111:93. Никола Јокиќ не успеа да оствари трипл, ама затоа имаше дабл дабл учинок од 13 поени, 11 асистенции и 6 скока. Прегледноста му е совршена, секогаш знае каде му се соиграчите. Погледнете ја оваа брзопотесна асистенција.

Што сè нема на полувреме по НБА

Најатрактивната кошаркарска лига на светот во цел да ги држи будни навивачите дури и на полувреме, прави разни шоуа. Што сè нема да им текне?

Ќерката на Јокиќ го разнежни МВП шампионот

Никола Јокиќ со уште еден трипл-дабл, 11-ти во сезоната придонесе во седмата победа по ред за шампионот Денвер Нагетс. Пред мечот, на загревање, ќерка му Огњена го забележува татко ѝ во подтрибинскиот простор и трча кон него.

Јокиќ: Кога ќе ја завршам кариерата, посакувам никој да не ме познава

„Тажно е, секогаш кога одите во бар, ресторан, на некој натпревар, луѓето ги вадат телефоните и се обидуваат да ве снимаат“.

Трипл дабл без промашување, Вилт Чемберлен и Никола Јокиќ, толку се

Нема многу време за сумирање и правење осврти за неговите игри. Само што ќе објавиме нешто за овој човек, следува нова негова неверојатна партија, како да е најнормално и најлесно така да се игра и доминира во НБА.