Плејот на Бостон Селтикс, Ајзеа Томас има голем одраз, така што висината од 175 сантиметри не му смета да лупа банани и на некои повисоки играчи, како на пример на ДеМаркус Казинс, најдобриот играч на Сакраменто Кингс.
Французинот Руди Гоберт висок 216 см, ланска сезона за Јута Џез имаше просек од 9,5 скокови и 2,3 блокади по натпревари. Нека се држи до тој дел од играта.
Успешноста во спортот се мери според освоените трофеи, а неколку европски тренери го имаа рецептот како се качува на тронот. Еве ги најуспешните меѓу нив.
Многу поранешни НБА играчи завршуваат во коцкарски долгови, се пијанчат, користат наркотици и водат неуреден живот. Но ниту еден не отишол до крај како Џон Брискер, кој се борел во Африка за пари.
Ваквите слободни фрлања се практикувале пред 50 години или кога Лазар Лечиќ бил тренер. За помладите меѓу кои сигурно има и некој кој прв пат гледа вакво нешто, се појави пример од универзитетска лига во САД, скроз нетипично за кошарката која ја гледаме во 2016-та.
Џејсон Максиел кој после 10 години во НБА, сега игра за кинескиот клуб Тјанџин буквално здиве на мечот по еден груб фаул од центарот на Шандонг Ву Ке. Максиел тргна по него и го бркаше по цел терен додека Мајкл Бисли не го смири.
„За разлика од другите тренери, Поп навистина сака да знае како сте, како живеете. Ја разоткрива вашата личност и точно знае што можете а што не“, раскажува за првите тренерски денови на Грег Поповиќ еден од тогашните студенти на колеџот Помон.
Поранешниот македонски селектор, Александар Џикиќ го препородува белградски Партизан кој до пред 2 недели се бореше за опстанок во АБА лигата, а синоќа ја врза третата победа по ред и тоа против најомразениот ривал 86-81. Дербито помина очекувано, со многу провокации и инциденти.
Офицерот Карлтон Смит работел на мечот меѓу екипи од Западна Вирџинија. Како поранешен учесник на вокалното шоу Американски идол, пеачката Лесли Дорчестер го препорачала полицаецот да ја испее химната пред кошаркарскиот дуел. А тој не само што ја испеа, туку ја искина.
Еден од главните НБА инсајдери и прилично голем хејтер на Леброн Џејмс, Едриан Војнаровски раскажува за актуелната ситуација во Кливленд, откако франшизата реши да го избрка тренерот Дејвид Блат.
Кошаркарската Евролига не е позната по инциденти, ретко се случуваат, но кога ги има знаат долго да бидат во најавните шпици. Намерни лактови, плукање, тупаници.
На денот кога се потсетуваме на рекордните 81 поен на Коби Брајант остварени пред точно 10 години, одиме со детали за најдобрата индивидувална партија во НБА на сите времиња од која нема видео.
Мечот е одигран со средно школо во Алабама, а девојката на стрелецот го направила видеото во забавена варијанта. Колку што паметиме, сме немале вакош кош на сајт.
„Претходниот ден имавме забава во чест на роденденот на мојата ќерка Наталија. Бевме дома, собрани семејството и пријателите. Голем ден беше. Вечерта отидов кај масерот, работев на коленото кое ми правеше проблеми пред средбата. Нарачав пица после мечот и сите јадевме", изјави Коби за ЕСПН по средбата против Торонто во Стејплс Центарот кога постави рекорд.
Македонската кошаркарска репрезентација ги доби противниците за квалификациите за Европското првенство кое се игра во Турција, Израел, Финска и Романија идната година.
Кошаркарите на Барселона славеа со кош во последната секунда од мечот против Реал во Мадрид во дербито на 5. коло во Евролигата. Кралевите имаа водство во текот на целиот меч, но Каталонците на осум секунди организираа напад кој го реализираше Џастин Долман.
Кошаркарите на Валенсија имаа неверојатна серија од 28 победи по ред во сите натпреварувања и ниту еден пораз. Сè до синоќа кога налетаа на Лестер Бо Мекејлеб и францускиот Лимож на чија клупа од пред една недела седи Душко Вујошевиќ кој сега има мака во преводот.
Кристапс Порзингис е еден од оние нови клинци во НБА кој е доказ дека играчи како Новицки ќе имаат свои наследници. Германецот за него изјави: Небото е граница за тоа дете.