Ветеранот на Милан кој е втор голман поради талентот на тинејџерот кој е 22 години помлад, раскажува за пријателството кое се родило со поранешниот борец од среден ред и поранешниот играч, а сега тренер на клубот.
Доколку се играло фудбал и на Дивиот Запад, претпоставуваме дека тоа изгледало вака како на овој нисколигашки меч во Русија. Само што овде ниту еден од соиграчите на тој што бега не најде за сходно да рипне во негова одбрана.
Турската полиција денес привела 38 лица кои се сомничат дека „ја наместиле управата на Фенербахче" во периодот на истрагата за корупција пред 5 години кога Фенербахче беше исфрлен од Европа.
17 јуни 2001 година. Барселона треба да ја победи Валенсија за да се пласира во Лига на шампиони. Тешко оди, 89-та минута, резултат 2:2. Франк Де Бур го наоѓа на гради Ривалдо кој денеска полни 44 години.
Анонимниот напаѓач Тери Дод од англискиот нисколигаш Хоршам промаши чист гол, а потоа се изгреба пиво. Оладување е заслужено, неговиот тим победи 11:1, а Тери постигна хет-трик и со 30 голови оваа сезона го сруши рекордот на тимот стар 44 години.
Најпознатиот Јапонец што играл во Европа не знаел ништо за својата земја затоа што животот му се сведувал на хотел-автобус-авион-карантин. Решил да го промени тоа и за шест години ја пропатувал целата татковина. Сега произведвуа саке и се занимава со ќерамика.
Некогашниот тренер на белградските екипи Рад и Партизан, Марко Николиќ доби отказ од Олимпија поради расистичкиот испад кон својот играч, Нигериецот Блесинг Елеке.
„Во Јунајтед никогаш не победуваме на таков начин, ние победуваме со фер плеј“, изјави легендарниот стратег на Манчестер Јунајтед пред точно 18 години по овој очаен начин на напаѓачот на Манчестер да спречи гол на Њукасл.
Нерешените 2:2 против Аталанта по првиот дел против Рома, го разбеснија Спалети кој повторно влезе во кавга со Тоти. Серија А памети многу дрски и нервозни реакции на тренерите кои партал ги прават со критиките своите играчи.
По синоќешниот пораз од Валенсија кој удри печат на кризата на Барса, Луис Енрике беше прашан од новинарот Виктор Мало дали физичката спремност се одразува на лошите резултати. Енрике одговори: „Како ти беше презимето"? -Мало (на шпански значи лошо). „Така е. Следно прашање".
Новиот тренер на Лацио Симоне Инѕаги ги врати насмевките кај фудбалерите со две победи на два меча. Српскиот репрезентативец Сергеј Милинковиќ Савиќ не играше на вчерашниот меч против Емполи, но му ја одржа првата лекција по пеење на Нигериецот Онази кој беше стрелец на вториот гол.
Дедо Агустин де ла Фуенте Квинтана бил првиот социос (член) со членска карта на Атлетико Мадрид. Ја поседувал цели 73 години. Во 2005. година се појави во рекламата за Колчонерос, а почина истата година на 92 години во Мадрид.
На 3. февруари Барселона ја прегази Валенсија со 7:0 во полуфиналето на Кралскиот Куп. На 17. април, Лилјаците славеа 1:2 и така им го нанесоа третиот пораз по ред на Каталонците, нешто што не се случило од февруари 2003. година.
И покрај дебаклот од Валенсија (коефициент зa 2-2 3+ во една кладилница беше 35) и третиот пораз во низа во Ла Лига, јубилејов не е за занемарување. Никлас Бентнер на пример да има 5 фудбалски кариери нема да му успее ова.
Во јули 2012. година славниот Глазгов Ренџерс поради банкрот испадна во 4-та лига. На 6. април 2016-та година Ренџерс обезбеди место во шкотската Премиер лига, а вчера во полуфиналето на шкотскиот ФА Куп на пенали го совлада смртниот ривал Селтик. Голот на МекКеј во продолжение беше посебно убав.
Голманот на МК Донс Коди Кропер доби црвен картон во 81' минута од мечот против Престон во Чемпионшип. Гостинскиот тренер веќе направи три измени, поради што немаше право да стави голман и пеналот го бранеше центарфорот Аксел Ревел кој влезе во 67' минута. Средбата заврши 1:1.
Кралевите во својата историја одиграле вкупно 26 полуфиналиња и имаат скор од 13 победи и 13 порази, а за Манчестер Сити ова ќе биде прво. Историјата зад овие две полуфинални двојки е куса.
15 април 1989 година е најцрниот ден за британскиот фудбал. Оваа трагедијата која зема 96 животи (сите навивачи на Ливерпул) на полуфиналниот натпревар од ФА Купот помеѓу Ливерпул и Нотингем Форест на стадионот Хилсборо во Шефилд, секоја година се одбележува во чест на жртвите.
Најдобриот стрелец во историјата на аргентинскиот фудбал е запишан во Гинис како првиот фудбалер што промашил дури три пенали на еден натпревар. Легенда е на Бока Јуниорс, а во Виљареал автограм на топката му барал малиот Фернандо Алонсо.