Фудбал

Вие мене со петарда, јас вас со корнер знаменце и прекин

Дербито во шведската лига меѓу ИФК Гетеборг и Малме на стадионот Гамла Улеви беше прекинат во 78. минута кога резервен играч на гостите бил гаѓан со петарда, по што им вратил на навивачите фрлајќи го корнер знаменцето кон нив.

Кој е Саул Нигес, херојот на Атлетико?

По грандиозниот гол против Баерн во првиот полуфинален меч од ЛШ синоќа, 21-годишниот играч од средината на Атлетико ја заинтересира јавноста за неговите почетоци.

Атлетико со минимална предност оди во Минхен

После Барселона, „војската“ на Чоло Симеоне успеа да го скроти и Баерн Минхен на Пеп Гвардиола. Главни јунаци на триумфот на Висенте Калдерон беа голманот Облак, Саул и Аугусто кој ги стави во џеб Видал и Алонсо.

Голем човек кој стана легенда

Поминаа две години од смртта на Вујадин Бошков кој 4 децении работеше како тренер и седеше на клупата на екипи како Феенорд, Реал Мадрид, Рома, Наполи, селекцијата на Југославија...Посебно место за него има во срцата на навивачите на Сампдорија кои на 27 април 2014 пееја во негова чест и извадија транспарент „Голем човек кој стана легенда“.

Сведоштва на полицајката која се плашела да зборува за Хилсборо

„Можам да ги слушнам и да ги видам сè уште. Луѓето едноставно беа згмечени во толпа еден врз по друг. Не можете да ги повлечете за рака или за нога без да ги повредите повеќе“.

Куче што лае, трча по терен

На мечот Депортиво Такира - УНАМ Пумас во Копа Либертадорес (Јужноамериканската Лига на шампиони), синоќа наградата за играч на натпреварот ја доби едно убаво куче кое на кратко го прекина натпреварот.

Канцеларијата на Јирген Клоп

Ако Бенитез е предмет за тролање, а Мурињо контроверзен, Клоп дефинитивно е најинтересниот лик кој од тренерската клупа направи комбинација на добар стратег, мотиватор и комичар, ама тоа го прави уникатно и природно. Едностано му стои на човекот.

Величествена кореографија, тапа фудбал

Здодевна игра на Етихад без голови, медитација на Роналдо, скинати панталони за Зидан и прекрасна кореографија на домаќините. По ова ќе го паметот навивачите првиот полуфинален меч на премиерлигашот во ЛШ. Финалистот ќе се знае на реваншот во Мадрид.

Зидан ти не треба да бидеш тренер

Ако НБА лигата стана посиромашна по пензионирањето на Џордан, па Шекил, па Коби, тогаш лесно ќе направиме компарација на имиња и во фудбалот. Зинедин Зидан не игра од 2006 година, а кога ќе го видите видеото ќе помислите дека вечерва против Манчестер Сити ќе биде во прв тим.

По 27 години стигна правдата за Хилсборо

Случајот Хилсборо конечно го доби епилогот кој навивачите на Ливерпул го примија многу емотивно и пред судот ја запеаа YWNA.

Како изгледа еден слободен ден на Ибрахимовиќ

Титулата одбранета, едниот куп исто така, голови 42 на сите фронта. Лорен Блан му дава заслужен слободен ден него и на цел тим, а Златан ги зема во друштво Верати, Пасторе и Сиригу и правец Лас Вегас. Тоа е тоа, сигурно нема на Ајфелова кула да се качуваат како туристи.

Контрол це, контрол ве Вест Хем

Некогаш Тевез центрираше, а Боби Замора забиваше, а денес Дмитри Паје центрира а Огбона забива со глава. Два потполно идентични голови на Чеканите.

Зошто Лестер е со 6 букви, а Leicester со 9

Кога подвизите на Лестер станаа сè поневеројатни, во очи паѓаше амблемот/логото на клубот. Колку пати сте слушнале некој со двоумење да го чита: „Лечестер кец стај го“ или „Леичестер ќе тепа ли“?

Голман со глава во 93-та за опстанок

Голманот на полскиот клуб Терманлица, Себастијан Новак го постигна можеби најважниот гол во клупската историја, откако во 93-та минута погоди со глава на гостувањето во Висла за драгоцен бод кој ги спасува од евентуално испаѓање.

Сезоната на Старата дама во 4 минути

Работите тргнаа разочарувачки за екипа која ја брани титулата. Буфон почна изјави дека можеме и треба да направиме повеќе. До 28 октомври само 12 освоени бодови од можни 30, а потоа 73 од вкупно 75. Искачувањето на табелата одеше вака.

Јуве ќе командува уште 5 години ако другите не се разбудат

Со ваков наслов денеска излезе Кориере дело Спорт по голот на Наинголан во 89 минута со кој Рома го совлада Наполи и “го промовираше“ Јувентус во шампион на Италија. По пауза од 81 година, Старата дама врзува 5 Скудета по ред.

Од каде потекнува терминот тики-така?

„Фудбалот го сведоа на резултат, како што се обидуваат љубовта да ја сведат на оргазам“, вели аргентинскиот тренер Анхел Капа којшто во една футуристичка колумна стара 22 години го најавил терминот тики така кој потсеќа на играта на Барселона и Шпанија.

Ретро репортажа со Фиорентина и Јуве

ТВ прилогот почнува врхунски добро и нетипично за еден новинарски извештај. Судијата се загрева како во школо на физичко и давај изјава по гаќи и рамбовка објаснувајќи дека и тој треба да биде тип топ физички спремен за 90 минути трчање.

Бројките и патот на уличниот фудбалер кој стана број 1 во Англија

Ако некој пред стартот на оваа фудбалска сезона ве прашаше кој е Ријад Марез, сигурно ќе креневте раменици. Епа викендов е прогласен за најдобар играч во Премиер лигата и има 17 постигна гола, 10 повеќе од Руни.

Тимот на Парма кој го освои Купот на УЕФА

Откако минатата недела се пласираше во третата лига Серија Ц и повторно ќе игра професионален фудбал после банкротот, Парма нè наврати на некои поубави времиња кога овој клуб доминираше во Европа.

Потсетување на денот кога „Небо се отворило“

24 април синоќа требаше да биде 25 годишно одбележување од антологискиот меч на Црвена Ѕвезда против Баерн Минхен која стана финалист во КЕШ, но трагичната смрт на навивачот на црвено-белите во Чачак овој викенд, го одложи славјето.

Ростов е рускиот Лестер

Во една сезона едвај ја фаќаш сламката за спасот и изгледа дека сè се распаѓа, а следната сезона со крајно скромен буџет водиш борба за титулата. Не е само Лестер во сценариото за најубавиот фудбалски филм сезонава.

Феенорд го прослави првиот трофеј по 8 години

Фудбалерите на некогашниот европски првак го победија Утрехт 2:1 во финалето на Купот на Холандија и го освоија првиот трофеј од 2008. година. Во Ротердам 59 уапсени поради нереди при прославата на плоштадот.