Фудбал

Камерунскиот Марадона - Роже Мила

Во пресрет на Африканскиот Куп на Нации се сеќаваме на легендарниот Камерунец кој го освои светот со лукавиот танц на Мундијалот 1990 во Италија.

Случка со Каниџа кога уште немаа сите мобилни телефони

Клаудио Каниџа е култен херој на Аргентина познат по белиот прав и другарството со Марадона. И да победува и да губи неговиот тим, никој не можеше да го извади од диско, па дури ни Вујадин Бошков.

Меси како за почеток на годината

Велат гол кроз нозе два се брои, ама Меси кога дрибла на тренинг тоа им го прави на двајца наеднаш.

Јохан Кројф и тврдоглавиот турски таксист

Интересна ретро случка поткрепена со фотографии во која несвојствено еден фудбалски натпревар од најелитното клупско европско натпреварување се одиграл и покрај тоа што едниот тим неколку мигови претходно бил дел од сообраќајна несреќа.

Моментот кој го расплака Гатузо во 2016-та

Славниот играч на Милан се пробива како тренер во Серија Б каде лани ја внесе Пиза преку плеј-оф. После сè што доживеал во кариерата како фудбалер, не можел да поверува дека еден ден ќе му се случи и нешто вакво.

Човекот кој го води францускиот Лестер и му пркоси на ПСЖ

Минатата 2016-та во спортот беше делумно мрачна поради допингот во Русија, скандалите со педофилија во Англија, тепачките на ЕП во Франција, авиокатастрофата со Шапекоензе. Но имаше и некои херои кои ја враќаа верата во човештвото и спортот.

Топ 10 голови за 2016

Листава е стварно супер и е шаренолика со убави и атрактивни голчишта, ама некако тој на Лас Палмас ни се двои, ем поради асистенцијата, ем поради завршницата.

Фудбалерите кои одбија вртоглави кинески милиони

Бесконечните суми во кинеската супер лига примамија суперѕвезди како Оскар, Халк, Тевез, но постојат играчи и тренери кои меѓу фудбалот и парите го одбраа фудбалот.

Три црвени картони на шест меча за Фернандињо

Иако Пеп Гвардиола има голема доверба во него и му ја даде капитенската лента, бразилскиот репрезентативец и не се однесува баш капитенски затоа што на шест меча доби три црвени картони.

Спиеш ли мирно Миле

Мајкл Џон Јединак или накратко Миле остана со црвени обравчиња откако влезе во дуел со Пабло Хернандес на вчерашниот дуел од Чемпионшип лигата меѓу Астон Вила и Лидс

Кој освои најмногу победи во 2016-та

Не е ниту Реал, ниту Барса, ниту Баерн или Јуве, туку Бенфика. Оваа екипа годинава стана шампион во Португалија со само 4 порази, а сега држат прво место со 12 победи 2 нерешени и 1 пораз. Годинава е дефинитивно нивна. Ист број на победи со нив има само Барселона, но со повеќе одиграни натпревари.

Топ 5 голови на годината во Серија А

Листата е куса, ама многу атрактивна, а тој што ја правел и да направел рокада со головите на некои места, немал да погреши. Иако и вака не е лош распоредот.

Табелата во Премиер лига во времето на Канте

Н’Голо Канте` е супер интересно име за статистичарите кои од ден на ден вадат се поинтересни бројки за него. Откако фудбалерот од Мали игра во Премиер лигата освои повеќе бодови од сите екипи.

Децата на Барса за 8 секунди го матираа Реал Мадрид

Најбрзиот гол во историјата на Ел Класико во изведба на малишанава од Ла Масија, кои уште на овие години покажуваат зрелост во обидот да играат пресинг уште од првата секунда.

Роналдињо е мајсториште и кога си го мести патентот

Со Роналдињо може да се состави бескрајна компилација од гифови. Последниот на кој налетавме е од времето во Милан со Тијаго Силва.

Колкава е точноста на шпекулациите за трансферите

Сајтот на БиБиСи одбележува 15 годишнина откако пишува текстови за трансфери кои можеби ќе се или нема да се случат. Од 2002 година до сега напишале над 5.000 статии на таа тема и врз основа на тоа направиле целосна анализа. Број на посети не им е воопшто наивен.

Во кој клуб ќе работи Диего Симеоне после Атлетико

Откако во Катанија го направи првиот чекор кон славата, отворено му се нудеше на Лацио, но режимот на Лотито му ја игнорираше кандидатурата. Можеби судбината така сакаше затоа што во Атлетико доби одврзани раце и улога тренер/менаџер каква што не би добил во Италија.

Го знаете ли вие Меси од 19 век?

Вака богами не му се лепи топка ниту на сегашниот Меси.

Она кога џабе се трудиш да му ја земеш на Зидан и кога ти е колега

Репрезентативецот на Србија и Црна Гора, Зоран Мирковиќ на времето ја имаше таа чест да игра во Јувентус заедно со Зинедин Зидан, ама изгледа не знаел добро кој е Зинедин Зидан.

Фудбалски флешбек од 2016-та

Тешко е човек да сумира во едно видео од сè она што се случуваше во фудбалот во изминативе 365 дена. Имаше дриблинзи, финти, голчишта, успеси, плачки, изненадувања, навивачки песни, колку сакаш. 2016-та е година на Португалија која не беше фаворит, но го крена пехарот на ЕП 2016. За жал таа ќе се памети и по една голема трагедија која збриша скоро цел тим.

Фалкао го маскираа во бездомник и дојде на фудбал

На еден хуманитарен меч, најдобриот футсал играч на сите времиња Бразилецот Фалкао стоеше од страна како прав скитник и бездомник и бараше од тренерот да го пушти да поигра. Кога овој се смилува, Фалкао правеше чуда со топката.

Најлудачкиот гол во кариерата на Бака

Знаете ли дека напаѓачот на Милан, Карлос Бака пред да игра во Севиља беше член на Клуб Бриж во сезоната 2012/2013? Според изгледот на стадионот, овој меч против Феенорд мора да е пријателски, ама тоа е битно. Пази сега ова.

Топка со очи

Џордан Хендерсон го има додавањето на колото во Премиер лигата кога во оваа акција му ја даде топката на Клајн како со раце.

Најзабавното од МЛС за годината

Работите не одат секогаш според планираното, се вели во описот на ова видео кое покажува дека Американците имале еден куп интересни работи за издвојување од фудбалот во 2016-та.