Фудбал

Ако и другите прават лого како Јуве

Нешто не штима со новото лого кое денеска го промовираше Јувентус и за кое плати 200.000 евра да им го направат. Затоа таа најнова вест од таборот на италијанскиот шампион е проследена со сеир, фотомонтажи и слично.

Најскапите 10 фудбалери во светот чинат колку пола буџет на Македонија

Најдобриот фудбалер во светот според ФИФА за 2016-та е двојно поевтин од Нејмар, а доколку некој сака да го откупи напаѓачкото трио на Барса треба да извади 562 милиони евра.

Дојде гратис на 34 години, а на полусезона веќе има 20 голови

Знаете ли дека Вејн Руни сезонава во Премиер лига има постигнато само еден гол и дека вториот стрелец на Манчестер има 4, а тоа се двајца Погба и Мата. Кој ли ќе даваше голови на Олд Трафорд ако не дојдеше Златан Ибрахимовиќ, кој во октомври наполни 35 години и е прв стрелец во Премиер лигата со 14 голови заедно со Диего Коста и Алексис Санчез. Ова се сите 20 за Јунајтед на сите натпреварувања. 

Приказната за совршениот Роналдо во Барселона поради кој отпаднале Зидан и Ширер

Беше физичко совршенство и беше како митска фигура. Го сакам Лионел Меси, сум играл многу пати против Роналдо и го обожувам, Нејмар е извонреден, Роналдињо беше исклучителен. Но кога сите овие ќе ги ставиш заедно, може да ја добиеш таа сезона на Роналдо, вели Форчун од Ман.Јунајтед.

Родители за непример на детски фудбал

На еден младински меч од лигата на Канарските острови (а ќе речеш блага клима, мирни луѓе) меѓу екипите на Телда и Гуија двајца родители започнале вербална расправа, па тоа не им било доволно и...

Главниот фудбалски фрик во Европа во ’90-те

До ден денес не е разјаснета дилемата колку години точно има Тарибо Вест кој во Европа се прослави со смешните шарени плетенки, но и со добрата игра во одбраната за Интер, Милан, Оксер и пред сè Партизан со кој играше во Лигата на шампионите против Реал Мадрид.

Најзабранетиот фаул во фудбалот и пошироко

Ретро гиф од Африканскиот Куп на нации од мечот Ангола - Конго на кој колку и да тврди момаков дека одел на топката, лаже бидејќи тоа не изгледа така.

Монако си гази и во соблекувална

Олимпик Марсеј е тврда екипа која на домашен терен на 9 меча даде 11, а прими само еден гол. Ама оваа статистика не важи повеќе бидејќи синоќа на гости им дојде Монако, тимот кој и натаму е број 1 во Европа по ефикасност. Oд Марсеј си заминаа со победа од 1:4 и сега имаат 60 гола по 20 минати кола, како и прво место пред Ница поради, се разбира подобрата гол разлика. Атмосферата по последниот триумф.

Нова мерка за ирационалното трошење на Кинезите

Кинеските милијардери кои се фрлија на европскиот фудбал како ламји, нема да може толку многу да се опуштаат. Ова не се однесува на парите, туку на бројот на странци кои ги трошат за нив.

Ракометните вештини на Сусо

Шпанецот Сусо е втор стрелец на Милан со 5 гола оваа сезона и една мала и симпатична Балотели жичка во карактерот.

Головите од Серија А со двајца доста кул коментатори

За само околу 5 минути ќе може да ги гледате сите голови од 20-то коло од Серија А со исклучок на последниот дуел Фиорентина - Јуве. Сето тоа во само едно видео кое ќе ви биде поинтересно за гледање поради коментаторите кои ја тераат на забава. Ќе го пофалат и нашиот Иле кој асистираше на мечот против Сасуоло.

Офсајд лик: Господинот 100 милиони евра

Еден од многуте твитови кои ја опишаа играта на Пол Погба против Ливерпул гласи вака: 5 пати. Погба го загуби човекот кој требаше да го чува на корнер 5 пати. Тоа би било срамота и за играч од Лига 2.

Очајна партија на Кристијано Роналдо

По 40 кола непобедливост заврши серијата на Реал Мадрид откако синоќа Севиља им направи пресврт во последните 7 минути од мечот. Една од причините за поразот е сигурно индиспонираноста на нивниот лидер која одлично може да се долови во ова видео. Еден куп погрешни и непродуктивни додавања, никакви дриблинзи и обиди за гол и голем број на загубени дуели.

Човекот на кој 12.684 дена му се обраќаат со претседателе

За Сантијаго Бернабеу си знаете. Тоа е стадионот на Реал Мадрид, крстен по еден од најважните луѓе во историјата на клубот кој од 1943-та до 1977-ма им беше претседател. Епа му го срушија рекордот.

Во што се состои ривалството меѓу Фиорентина и Јувентус

Разликите меѓу овие жестоки ривали најдобро се објаснуваат во разликите на нивните стадиони. Фиорентина и навивачите се поврзани емотивно со својот незаменлив стадион, а Јувентус почна да пишува нова историја која за пет години стана побогата од целата на Фиорентина.

Џабе дадовте гол ние сме Реал Мадрид, па ќе тепаме на крај

40 меча без пораз е најновата рекордна серија на Реал Мадрид кој го мина ривалот Барселона која лани имаше 39 и го стигна Нотингем Форест кој во 1978-ма врза 40 средби без пораз. Но она што дополнително го прави Реал Мадрид голем клуб е карактерот да не се откажува до крај.

Топовски слободен удар во Австралија

Димитри Петратос е Австралиец со грчко потекло кој дефинитивно има нога како онаа на Роналд Куман. Голманот направи одлична проценка што не се фрли. 

Футсал ножички на денот

Не е ниту Фалкао, ниту Рикардињо, туку Амар Ахмед кој ја почна акцијата и ја заврши во стилот на најдобрите двајца во овој спорт.

Роналдињо со писмо до малиот Роналдињо

Неколку НБА ѕвезди меѓу кои Коби Брајант и Кевин Гарнет си напишаа писмо сами на себе. Трендот го продолжи Роналдињо на кој освен нозете, одлично му работи и перото. Ова е неговиот фудбалски пат раскажан хронолошки со многу емоции и со две пораки: насмевка и слободно играње фудбал.

Фудбалска Македонија останува закована на 162. место

Дали човек да се смее, дали да плаче? Еден Свазиленд за кој требаат надчовечки напори да се најде на карта е далеку пред нас на фудбалската ранг листа на ФИФА.