Најважниот момент во фудбалот минатата година, голот на Едер во финалето на Европското првенство во Франција беше кулминација во кариерата на многу спортски коментатори. Еве како тоа звучеше на 64 канали. Приказната за Едер тука.
2017-та за Лионел Меси почна совршено. За прв пат во својата кариера на три меча по ред постигнува гол од слободен удар и сега со 26 гола од слободен за Барса го израмни рекордот на Роналд Куман. Овој против Виљареал е скоро идентичен со тоа што го вежбал на тренинг. Мајсториште.
Кога во 2004-та му откриле рак, Херман Бургос им рекол на лекарите кои закажале операција дали може да ја поместат за понеделник, затоа што за викендот мора да брани за саканиот Атлетико Мадрид. Во своето портфолио лудиот голман има и позната рок-група.
Стефан Јоветиќ оди на 6 месечна позајмица од Интер во Севиља. Тоа е океј. Го прашуваат од каде знае шпански, а тој одговара од шпанските сапуници кои ги гледал како мал. Тоа не е океј. Новинарите му се смејат, а еден од нив кој ја објави веста за неговиот потпис закачи и видео кое едвај издржавме да го изгледаме.
Фудбалерот кој стана легенда на Лестер минатата година денеска полни 30 години и влегува во категорија на ветерани. Не сите фудбалери кои ги интересирало како деца само топка имале кецови по математика.
11 јануари 2009-та сигурно му буди убави спомени на нашиот најдобар фудбалер бидејќи тоа беше денот кога го постигна првиот и последен хет-трик во италијанското фудбалско првенство. Следниот го постигна за Галатасарај во Куп натпревар.
Европската фудбалска унија УЕФА веројатно драстично ќе го казни белградски Партизан поради неплатени долгови и ќе му забрани да игра во Лигата на шампионите и Лига Европа.
Диего Марадона важи за еден од најфаулираните фудбалери во историјата и тоа во време кога степенот на заштита на играчите не бил како денес. Малиот Диего ѕверски го фаулирале по 28 пати на натпревар а најголем крвник му бил Џентиле од Италија.
За сите кои не можат да сфатат зошто е контроверзен изборот Светското првенство во фудбал во 2022-ра да биде во нефудбалската земја Катар, некој се обидел и да им нацрта. Една е од пораките на оние кои се противат на веќе договорениот зимски Мундијал, е дека не е нормално да гинат илјадници луѓе кои заминале да заработат за леб за да се исполнат амбициите на други луѓе кои спијат на пари.
Зинедин Зидан има четири синови: Енцо (1995), Лука (1998), Тео (2002) и Елијаз (2005) и сите играат во Реал Мадрид, ама во различни категории. Овој потег на 14 годишниот Тео е најава дека за некоја година коментаторите често ќе го изговараат презимето на славниот Французин.
Што е разликата меѓу фудбалот во 70-те и сега? Има многу разлики, особено ако погледнете како селекцијата на Холандија во времето на Јохан Кројф бркаше топка.
На денешен ден пред пет години Марка го бираше најлошиот трансфер во Ла Лига за 2012-та. Резултатите од анкетата ако ги гледате од денешна перспектива се тотален промашај.
Наградата Ференц Пушкаш се дели веќе осум години и сите осум наградени ја заслужија бидејќи направија мајстори потези со топка. Но, секогаш постои едно „но“. Гледајте, учете, а ако сакате излете надвор и пробајте додека не запролети. Симпли д бест и идејата и реализацијата на Италијанциве.
Кога во една иста екипа ги имаш Кристијано Роналдо и Раул, Баџо и Дел Пјеро или Тоти и Дел Пјеро се знае каде може да се јави проблем. Во ефикасноста во никој случај, туку во тоа кој ќе ги земе 7-ка и 10-та. Проблемот се решавал со авторитет или попуштање.
Меѓу Диего Марадона, Пујол, Трезеге, Ван Бастен, Сидорф и останатите легендарни фудбалери, синоќа во Цирих на доделувањето на наградите на ФИФА се појави и човекот кој е најзаслужен за врвната кариера на Кристијано Роналдо.
Наградата за гол на годината ФИФА ја воведе во 2009-та, а името го доби во чест на легендарното име на Реал Мадрид од 50-те и 60-те. Да се потсетиме на осуммината мајстори кои ја добија до сега.
Благодарение на неговото височество Јутјуб налетавме на еден ретро хајлајтс од Серија А (9 јануари 2005), која имаше посебен шмек кога одеше на Телма. Пет преноси за викенд, па ти си бираш што да гледаш. Во 83 минута Бранко Илиевски му запишува пораз на “својот“ Интер откако Кутузов ја носи Сампдорија до водство од 0:2 на Меаца. Остатокот ќе мора сами да го видите.
Со 11 младинци прекомандувани во првиот состав и со дел од оние фудбалери кои ја избегнаа тешката авионска несреќа во Колумбија, Шапекоенсе наскоро ќе ја започне новата сезона во која никој нема големи очекувања и не им поставува притисок.
На церемонијата „ФИФА награди“ во Цирих, наградата фер-плеј ја доби колумбискиот Атлетико Насионал поради предлогот титулата во Копа Судамерикана да ја добие бразилскиот Шапекоенсе.
Џенаро Иван Гатузо е роден во Козенца на 9-ти јануари 1978-ма и денеска полни 39 години. За какво јуначиште станува збор доволно е оваа листа да се крати на само еден момент. Гатузо има трчано 80 минути со искинати лигаменти на коленото.
На 9. јануари 2012. година, Тиери Анри повторно го облече најсаканиот дрес како позајмен играч од Њујорк Ред Булс. „Тити“ тогаш имаше 34 години, влезе од клупата и постигна гол во негов стил со пласиран шут. Стадионот полуде а некои навивачи и плачеа од среќа. „Не мислев дека ќе се вратам, се вратив. Не мислев дека ќе играм, а играв. Не мислев дека ќе дадам гол, а дадов“, изјави Анри за својот најомилен гол во дресот на „Топџиите“.