Англискиот шампион е на 15 позиција со мизерен скор од 5 победи, 6 нерешени и 11 порази. Нивното злато од среден ред до сега во Челси украде 52, читај педесет и две топки.
Исто како претходниот понеделник, така и сега имате на тецна еден брз пресек со сите голови од 21. коло во Серија А, со исклучок на таа вечерната од недела. Важни 3 бода за Наполи на тешкото гостување на Меаца, скок на Интер на 5. место и нов пораз за нашите Несторовски и Трајковски. Шампионот продолжува шампионски.
На дуелот Нант - Пари Сент Жермен во Франција, Марко Верати реши невообичаено да му ја врати топката со глава на својот голман Кевин Трамп, а судијата Јоан Хамел после неколку секунди досуди индиректен удар и му покажа жолт картон на Италијанецот.
Математиката е проста. Манчестер Јунајтед ќе имаше 13 бодови помалку и ќе беше три места подолу на 9-то место. Тоа се должи на срамниот придонес на останатите напаѓачи кои не се ни блиску до двоцифрен број на голови, за разлика од стариот кој игра како во млади дани.
Глен Хелдер бил роден за фудбалер. Имал дриблинг на кој му завидувале од Јохан Кројф и Денис Бергкамп до Ван Перси и Марк Овермарс. Но единствен противник кој не можел да го дрибне била зависноста од коцка која му земала сè што имал во животот.
Фабио Гросо и Алесандро Дел Пјеро беа главни протагонисти во последните мигови од рововската 120 минутна битка меѓу Италија и Германија на СП 2006. Но додеа сите скокаа врз нив, еден играч фалеше во заедничкото славје и направи нешто што можеби никој до сега не го направил на Мундијалите.
Алонсо на островот имаше споено во себе сè што може да биде вредно за еден играч од негова позиција. Имаше повеќе софистицираност во примената на агресијата на Рој Кин, а за разлика од Стивен Џерард или Франк Лампард можеше ако сака и да го издрибла противникот. Чаби можеше многу повеќе од тоа.
Поранешниот играч на Барселона, Порто, Интер и Челси кој mo\e[e многу повеќе во кариерата со тој потенцијал, држи лекции како се лобува од најтешките ситуации. Малку зачудува како му успеа овој лоб удар на мечот Бешикташ - Генчлербирлиги во Купот, со оглед на тоа што голманот многу малку беше излезен.
Енцо Зидан престојува во Реал Мадрид околу 10 години и игра за третиот тим Реал Мадрид Кастиља. Неодамна даде гол за првиот тим во Копа дел Реј но не е ниту близу до она што го прави син му на Диего Симеоне во Серија А.
Селекцијата на Камерун победи 2:1 против Гвинеја Бисао во Африканскиот Куп на нации. Се работи за една мала точка на мапата на африканскиот континент. Но ние сме 162-ри на ранг листа, а тие 68-ми и имаат еден момак кој не се уморува на 100 метри со топка.
Кога веќе не добива шанси во Серија А, македонскиот репрезентативец ги користи приликите кои ги добива во дресот на Џенова во Куп натпреварите. На осминафиналниот натпревар во Рим, Лацио имаше водство од 2:0, но во 41 минута Пинила го намали резултатот, а во последната минута од првото полувреме Пандев погоди против својот поранешен клуб за 2:2 на паузата.
Во истражувањето се броени сите ситуации на глумење фаули во Премиер лигата почнувајќи од сезоната 2012/2013 и знаете кој е прв? Челси, лидерот на табела кој иако е јак, најмногу се служи со театрални паѓања од кои немале никаков корист. Оваа непопуларна лидерска позиција ја држат со 21 “глума“
Со неколку потези „ги извади од копачки“ своите противници и го сврте фокусот кон себе. За неговиот потпис најбрз од сите бил Јувентус чијшто член Рикардо Орсолини ќе стане од јуни до кога ќе игра во матичниот Асколи.
Генералниот директор на Црвена звезда, Звездан Терзиќ отворено изјави дека не се сложува со тренерот Миодраг Божовиќ во врска со најталентираниот македонски фудбалер и дека му понудил на Давид да оди на позајмица па да се врати на Маракана.
Тони Крос честиташе Нова година со смешна слика каде наместо 2017 стојат знамињата на Бразил и Германија кои го симобилизираа дебаклот на „кариоките“ на Мундијалот. Легендарниот Роналдо доседливо му одговори со знамиња и го потсети на 2002-ра.
Колумбискиот стопер Џејсон Муриљо вечерва против Болоња во Купот на Италија го постигна најубавиот гол на сезоната. ФИФА веќе може да му ја додели наградата „Пушкаш“ за оваа сезона.
Нешто дефинитивно не штима на „Камп Ноу“ сезонава. Клубот кој важи за симбол на културата и е повеќе од клуб запаѓа во замка од која не баш вешто излегува. Валканиот веш никогаш не бил така јавно простиран како сезонава.
Нешто не штима со новото лого кое денеска го промовираше Јувентус и за кое плати 200.000 евра да им го направат. Затоа таа најнова вест од таборот на италијанскиот шампион е проследена со сеир, фотомонтажи и слично.
Најдобриот фудбалер во светот според ФИФА за 2016-та е двојно поевтин од Нејмар, а доколку некој сака да го откупи напаѓачкото трио на Барса треба да извади 562 милиони евра.
Знаете ли дека Вејн Руни сезонава во Премиер лига има постигнато само еден гол и дека вториот стрелец на Манчестер има 4, а тоа се двајца Погба и Мата. Кој ли ќе даваше голови на Олд Трафорд ако не дојдеше Златан Ибрахимовиќ, кој во октомври наполни 35 години и е прв стрелец во Премиер лигата со 14 голови заедно со Диего Коста и Алексис Санчез. Ова се сите 20 за Јунајтед на сите натпреварувања.