Фудбал

Што е лекот кога ќе заглавите на граница

Дечките се заглавени во сообраќај или чекаат на граница, небитно. Битно е што знаат најдобро како да истегнат мусклули пред да продолжат на пат и да не се нервираат што ќе заглават. Па уште и концепт имаат во проигрувањата.

Судбината на Лотар Матеус кој остана без еден од најзначајните трофеи

Лотар Матеус е жива легенда кој учествуваше на пет Мундијали (1982, 1986, 1990, 1994, 1998) и четири ЕП (1980, 1984, 1988, 2000), како и единствен Германец кој е прогласен за најдобар фудбалер во светот од страна на ФИФА. Само за една работа не го посака среќата во кариерата и тоа во два наврати.

Приватна плажа за Жервињо, огледало за Роналдо и фиксен телефон за Роналдињо

Фудбалерите прават милиони од играње фудбал и кога ќе треба да прават трансфер, некогаш знаат ептен да претераат па бараат авиони, хеликоптери и лични шофери како да се претседатели. Ова се дел од играчите кои изводеле кога преговарале за премин во друг клуб.

Фабриката за ѕвезди - Динамо Загреб

„Модрите“ од улицата Максимирска бр. 128 важат за најдобар клуб на Балканов којшто е магнет за талентите. Како функционира нивната школа и како ги ловат надарените фудбалери?

Меси и жена му после дуелот со ПСЖ

Лудилото после епскиот пресврт на Барса против ПСЖ во ЛШ да ти било бетер од славје на освојување на пехарот. Семејството Меси кој знае колку ги фатило саат кога стигнале дома.

Магичните потези на Роналдињо во Барселона

Легендарниот Бразилец кој денес полни 37 години дебитантскиот гол за Барселона го постигна на 3. септември 2003-та година против Севиља. Ја зема топката од својата половина, направи слалом меѓу противниците и со бомба од преку 30 метри постигна маестрален гол. Од тој момент не престана да блеска во тимот од Камп Ноу.

Дебито на бесмртниот Џиџи кој во петок стигнува до 1000-ка

612 настапи за Јувентус, 220 за Парма, 167 за Италија. Со настапот во петок против Албанија незаменливиот господин Џиџи Буфон слави голем јувилеј - 1.000 настапи во кариерата. Сè почна на 19 ноевмри 1995-та кога Невио Скала му даде можност да дебитира против Милан на 17 години. Мечот заврши 0:0, а тинејџерот на Парма блесна на дебито. Од негова играше Стоичков, а од спротивната страна во напад беа Веа и Баџо.

Зошто Спалети не е тренер за менталитетот на Јувентус

За разлика од другите италијански „гранди“, Јувентус манијакално го брка скудетото и ретко кога има право на грешка. Затоа прави најтесен круг од кандидати за нов тренер кои се разгледуваат со месеци. Ниту Дел Нери, Чиро Ферара и Раниери не беа залудно таму.

Заслужена награда за човекот кој од зона за испаѓање тимот го носи во ЛШ

Јулиан Нагелсман сезонава е најјаката фаца меѓу тренерите во Европа. Врсник е со Лионел Меси, но веќе покажа капацитет за тренирање како да е 20 години во кариера. Германците ја препознаа неговата одлично извршена работа.

Најдобрите стрелци во Европа во моментов

До завршувањето на клупската сезона останаа уште два месеци. Во трката за наградата „Златна копачка“ која се дава на најдобриот ’бомбардер’ во европските првенства лидер во моментов е Лионел Меси.

Судијата кој измисли пенал на квалификациски меч за Светско доби клоца од ФИФА

Џозеф Лампеј може слободно да ја соблече судиската униформа и да заборави на судењето, бидејќи Светската куќа на фудбалот му изрече доживотна суспензија за глупоста што ја направи лани.

Најдоброто видео со Манчестер Јунајтед

Заборавете на мајсториите на Златан Ибрахимовиќ и на егоцентричниот Жозе Мурињо. Ова видео со бандата на Јунајтед е број 1 оваа сезона, нема да има појако. Едно големо браво за тој што седнал да го монтира.

Новиот шеф на Несторовски и Трајковски е полуд од претходниот

Не, не е ова уште една статија за тоа колку тренери избркал, туку запознавање со човекот кој Ѕампарини го назначи за нов претседател на Палермо а чии постапки отвораат многу теории дека тој е марионета на човекот кој сака да се спаси од напади после извесно испаѓање од Серија А.

Тешки 10 дена за Зинедин Зидан

Паузата која ќе следи наредниот викенд во националните првенства за многу екипи е добре дојдена, за да се одморат играчите и да соберат сила за предизвиците кои следуваат во клучниот дел од сезоната. Но тоа не важи за Реал Мадрид.

Најдобрите стрелци во историјата пред да наполнат 30

Друштвото е доста елитно, а во него се наоѓаат една бразилска и една германска легенда од едно друго време и еден Аргентинец од ова време. Веројатно веќе ги погодивте.

Син му на Клајверт е новото холандско чудо

На мечот против Ексцелзиор Ротердам во неделата, син му на Патрик Клајверт го постигна првиот гол во професионалниот фудбал, а со одличната форма најавува дека наскоро би можел да ја рипне Холандија У21 и да отиде право кај сениорите.

Нова уникатна прослава во соблекувалната на Легија

Фудбалерите на Легија Варшава со гол во 87-ма минута го добија дербито во Полска на гости против Лехија Гданск. Српскиот стратег Александар Вуковиќ смисли ново шоу со кое настана лудница во соблекувалната.

Навивачите кои треба да земат две недели одмор за да одат на гостување

Патот на навивачите на Манчестер Јунајтед на гостувањето против Ростов во ЛЕ беше играчка во споредба со ова што ќе го прочитате сега. Се работи за пат колку четвртина свет, за фудбалски натпревар од домашно првенство. Внимавајте, домашно првенство.

Новинар заспа на прес-конференција, Енрике го будеше

После победата на Барселона против Валенсија 4:2, англискиот новинар Стив Футерман од каналот CBS задремал на пресот кој го држел Луис Енрике. Тренерот на Барса се насмеал и прашал: ’Толку ли сум досаден’?

Зашеметувачки дриблинзи на Португалец од Блекбурн

Лукас Жоао има 23 години и игра во Блекбурн како позајмен играч од Шефилд Венздеј. На мечот против Престон (2:2) ги дриблаше противниците како мали деца.

Како изгледал ракометот пред 55 години

Колку години биле потребни, еден од најинтересните спортови да се развие во она што е денес и какви биле почетоците на ракометот?

Му излета

Мохамед Анас кој игра во Гана, освен што постигна два гола и му донесе реми на својот тим 2:2, кога не игра фудбал изгледа дека игра на две полиња па среќен и возбуден после мечот ја даде изјавата на неделата. 

Аматерско судење во австралискиот фудбал

Фудбалерите на Бризбен кои го елиминираа Тевез од квалификациите во Азиската ЛШ, се соочија со пораз за кој имаат право да се жалат до сите релевантни инстанци. Апсурдот се случи во 95-та минута кога играч на Аделејд Јунајтед фалеше уште малце на ушка да му се качи на голманот, а потоа фати да глуми пенал.