Фудбал

Четворица против голман со очајнo лоша завршница

Томас Андраде е 20 годишен фудбалер на Ривер Плејт кој или не е зрел или е несериозен. Абе земи искини му ја мрежата, не е ова балет.

Најлудата интервенција на играч од одбрана

Сканторп Јунајтед славеше 3:2 против Брадфорд Сити на денешниот третолигашки меч во Англија, а херој на мечот беше еден од дефанзивците на домашниот тим кој во 92 минута изигруваше Супермен.

Што рече Јохан Кројф за Венгер пред 5 години

Работата на Арсен Венгер веќе со години е предмет на расправа во медиумите и меѓу навивачите кои силно притискаат и апелираат дека треба да си замине. Холандската легенда не мислеше така.

Реклама со фудбалери во САД на која под итно ѝ треба „delete“

Погледнете ги со време овие залудно потрошени 15 секунди со играчи кои настапуваат во МЛС лигата, бидејќи од што е глупаво видео, сигурно наскоро ќе биде тргнато од интернет. Па ова е човече клип како од Нинџа Желки.

Холандскиот стручен штаб во Бугарија

Најголемото изненадување во досегашниот тек од квалификациите го направи репрезентацијата на Бугарија која со 2:0 ја совлада Холандија. Во ситуација кога Бугарите можеа да дадат уште некој гол и тотално доминираа, холандскиот селектор и неговите соработници дремеа на клупата.

Волејот на Ди Канио на кој се поклони цела Европа

Кариерата на Паоло Ди Канио во Премиер лигата ќе се памети по неколку негови белези кои ги остави на островот. Три од нив сигурно се туркањето на судијата, фер плеј потегот кога ја фати топката со рака и го прекина мечот и ова ремек дело кое се прави еднаш во кариера. Се случи на денешен ден пред точно 17 години на мечот Вест Хем - Вимблдон.

Како Кралевите под водство на Дон Фабио играа на прва

Пред точно 10 години Реал Мадрид стигна до титулата број 30 во Ла Лига. Покрај староседелците и Шпанците, тоа беше Реал со бразилско-италијанско-холандски шмек во кој играа Карлос, Робињо, Емерсон, Каванаро, Касано, Ван Нистелрој. Капело беше критикуван дека мисли само на резултатот, а не на играта, иако оваа акција целосно ја негира таа теза.

Несторовски и Николов за прва победа на Македонија

Македонската фудбалска репрезентација по цели шест години оствари победа на гостински терен. Вечерва во Вадуз, „црвено-жолтите“ го добија Лихтенштајн 0:3 (0:1) и ги освоија првите три бода во групата Г.

Ел Класико е девет пати поскапо од финалето ЛШ

Ништо од тоа што го читате во насловот не е измислено, туку нелогично. Еден спрема девет е соодносот на цената на билетот и тоа на меч без никаква важност наспротив меч на кој секој фудбалер мечтае да го освои пехарот.

Шпицот на Келн кој ги засени Левандовски и Обамејанг

Во фактот дека до сезонава сте немале појма кој е Антони Модест нема ништо криминално. Дури и фудбалерите од Бундес на Модест неодамна слушнале за него и биле изненадени кога разбрале дека во германската лига има Французин кој игра подобро од Рибери.

Со Шаќири ништо не е случајно

Ако мислевте дека спектакуларните ножички на Џердан Шаќири против Полска на ЕП 2016 беа случајност, сте се зафркнале. Оваа снимка е од последниот тренинг на селекцијата на Швајцарија во пресрет на дуелот со Латвија во квалификациите за Мундијалот во Русија. Три од три.

Кои второлигаши се најблизу до прва лига

Европската фудбалска сезона се ближи до крајот. Ако во елитните шампионати на Стариот континент знаеме се што се случува, да ја видиме ситуацијата во вторите лиги.

Најдобриот тим составен од колеги на Буфон

Легендарниот италијански голман вечерва против Албанија се спрема за голем јубилеј од 1.000 натпревари во кариерата. По тој повод Скај Спортс го состави најдобриот тим со кои Џиџи играл во кариерата на клупски или репрезентативен голман.

Ќе загинеа ако судијата не го прекинеше мечот

Исланд ни носи снимка од првенствен натпревар кој бил прекинат во 70 минута. Лоши временски услови за ова е благ збор, а среќа и камерите што не рикнале па успеале да снимат нешто.

Една година од смртта на големиот Кројф

Опкружен со сопругата, децата и внуците, утрото на 24 март минатата 2016-та Јохан Кројф почина на клиниката во Барселона. Причина за смртта на еден од најголемите во историјата беше ракот на белите дробови. Светот се сеќава.

По кроце мали, мора да тепаме

Синоќешниот меч на Аргентина против Чиле беше до толку важен во квалификациите за Мундијалот во Русија, што голманот Серхио Ромеро мораше да се служи и со анти фер плеј потези. Мечот го реши Меси со пенал во 15 минута.

Како Дудек ги збунуваше фудбалерите на Милан

Најлегендарното финале во Лигата на шампионите го одбележа неверојатниот пресврт на Ливерпул и нормално, лудиот Полјак Јиржи Дудек кој одбра смешен начин да ги буни Миланезите и му успеа.

Босанецот кој го враќа Брадфорд на работничката класа

Можеби има надеж дека стадионите повторно ќе бидат центар на работничката класа како што беа некогаш, а на овие „обични луѓе“ најголемата љубов им ја враќа Един Рахиќ.

Канцелариите на Кинезите кои го купуваат Милан не постојат

Италијанско-кинеската зделка за седумкратниот Европски првак стана шпанска серија и како стојат работиве на крај ништо чудно Берлускони да остане газда на Милан.

Можно ли е фијаско Аргентина да не оди на Светско?

Со напаѓачка навала составена од Меси, Ди Марија, Игуаин, Агуеро, Дибала и Лавеци срамота е селекцијата на Аргентина да има учинок од 14 постигнати гол на 12 меча и да стрепи дека може да им се случи најголемиот срам во историјата. А сè е можно, фудбал е.

Најмрзливиот бек на светот доаѓа од Турција

На мечот Аданаспор - Акхисар Беледје во турската лига, стоперот на гостите Мустафа Јумлу демонстрираше што значи ’клати врата - земај плата’.

Џабе го заобиколувате Ван Нистелрој

Старите за него во кладилница велеа: Само овој да не им се повреди, инаку како ќе го ставаме Манчестер Јунајтед на тикет. Зборуваме за гол машинерија со 150 погодоци за пет сезони на Олд Трафорд, потоа четврти најдобар стрелец во ЛШ, како и најдобар стрелец во три различни првенства. Овој слалом од средина на терен му е против Фулам пред точно 14 години.

Маестрален ауфидерзен на Подолски од репрезентацијата

Еден од ретките фудбалери кои повеќе пружи во репрезентативниот отколку клупскиот фудбал, синоќа за последен пат играше за Германија и постигна фантастичен гол против Англија.

Џо Харт во епизодата „Где је лопта“

Кога стана тренер на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола се ослободи на голманската позиција од Џо Харт и изјави дека слаба страна му било играњето со нога. Епа дојде чичо да ти каже сега.