15 години од рекордот на човекот кој не смее да се врати дома

СП 2002 во Јапонија и Јужна Кореја го паметиме по лошата фризура на Роналдо, контроверзното судење со кое Италија беше елиминирата во осминафинале, но пред се по историскиот гол на Хакан Шукур кој на мечот за 3-то место, успеа да ги совлада домаќините за 11 секунди. 

15 години подоцна голот на легендарниот турски напаѓач останува најбрз во историјата на Светските првенства. Но тој не е добре дојден и ако се врати ќе го уапсат поради обвиненија за финансирање терористичка организација. Најдобриот стрелец во историјата на селекцијата на Турција е избришан од турската фудбалска историја, но никој не може да му го избрише ова историско видео парче.

 

29 јуни 2017 - 14:43