Фудбал

Оригинал имитација на Роналдо на 5 години

Заокружи јубилејни 400 настапи за Реал Мадрид и стигна до бројка од 105 во Лига на шампиони. Кристијано Роналдо многумина се обидуваат да го имитираат, еднаш се обиде и Анчелоти, ама девојчево е најјако, го ископира и со рацете и со гримасата.

Рамос се претвори во Гордана Нацева, камо пенал?

По само 14 минути игра на дербито на вечерта меѓу Борусија Дортмунд и Реал Мадрид требаше да има удар од 11 метри, бидејќи Серхио Рамос на пола метро од гол линија играше со рака. Европскиот првак славеше 1:3, ама со евентуално водство на Борусија, натпреварот ќе фатеше друг тек и кој знае како ќе завршеше. Судии? ВАР? Каде е проблемот? 

Роналдо и Бејл ја решија Борусија Дортмунд

За разлика од Бундеслигата каде се со еден примен гол, Милионерите ги загубија двете кола во ЛШ со идентични 3:1 и ризикуваат елиминација во групна фаза. 400 меча за Роналдо, хет-трик на Хари Кејн на Кипар, два од два за Бешикташ, дебакл на Монако, промашени пенали на Феенорд и Манчестер Сити.

Незаборавната бомба на Алмеида од која се чудеше Буфон

26 септември ни носи видео сеќавање од најкултното време на Серија А, кога Лацио и Парма беа меѓу најјаките, се бореа за трофеи и трампаа играчи. Лацио таа сезона го освои Скудетото, а Парма една сезона претходно славеше во Купот и Супер Купот на Италија, како и во Купот на УЕФА.

Сторија за дискретниот херој Герет Бери кој одигра повеќе од Гигс

Рецептот за долговечност го има човекот за кој малку кој би покажал со прст а тој е секогаш на позиција, спремен да се бори додека го држи сила. Тивок, внимателен, концентриран и голем професионалец. 21 сезона!

Како Несторовски го почнува денот откако ќе даде два гола

Палермо синоќа славеше 2:1 против Про Верчели благодарение на двата гола на нивниот капитен кој направи пресврт. Иле потоа доби црвен картон, ама без разлика на тоа утрото му е песна. Му се отвараат портите, па колегата Алјаж Струна го зема од дома и правец на утрински тренинг или можеби прво на кафе покрај море.

Џабе е апелот на навивачите, Вардар не ги намалува цените за ЛЕ

И покрај големиот број на реакции во медиумите и социјалните мрежи и слабата посетеност со Зенит, управата на ФК Вардар не попушта со цените за натпреварот против Реал Сосиедад во Лига Европа.

Накратко за Лигата на Нации во која игра и Македонија

Преку видео кое трае не повеќе од минута и педесет секунди, УЕФА се обиде да ја долови Лигата на нациите која што на прв поглед изгледа како испит за пилот.

Од прес конференциите на Клоп може да се сними филм

Нова прес конференција со Јирген Клоп и нови бурлески, стандарно со преведувачката на која ѝ помогна на свој начин и со еден од новинарите кој постави непотребно и глупаво прашање.

Оди па изведи корнер на турско дерби

Минатиот викенд Фенербахче го пречека Бешикташ а на мечот имаше: 12 жолти и 5 црвени картони, 3 гола (Фенер победи 2-1 со два пенала) и еден куп прекини.

10 минути Меси за репрезентација

Неговата Аргентина на 5. и 10. октомври ја очекуваат клучните два натпревари за пласман на Светското првенство 2018 против Перу дома и Еквадор на гости. На тие дуели Меси ќе се обиде да повтори нешто од овие потези.

На педантните Шпанци не им бега ни сантиметар

Со двата гола на Дани Себалос фудбалерите на Реал Мадрид славеа 1:2 на гостувањето против Алавес, а шпанските аналитичари открија дека во акцијата на едниот гол Асинсио пред да ја направи асистенцијата бил во офсајд.

Два гола на Несторовски за пресврт и победа

Иако на прва изгледаше дека ќе се сплетка бидејќи топката лошо му тапна, сепак за капитенот на Палермо нема загубена топка во шеснаесетник. Гол број 3 за македонскиот репрезентативец во Серија Б, за 1:1 против Про Верчели во 25 минута, а потоа и гол број 4 во 51-ва минута за пресврт и триумф од 2:1.

Последен премиерлигаш само со Англичани играл во 1999-та

Денеска е релативно тешко да се најде Англичанец во Премиерлигашите кога скролате по нивниот состав за време на мечот. Премиер лигата стана своевиден географски атлас со играчи од сите страни на светот. Цели 18 години немало меч само со Англичани во составот.

Македонскиот Марко Балота од прилепско

Алесандро Костакурта држеше одбрана во Милан до 40 години, голманот на Лацио Марко Балота стана највозрасен играч во ЛШ со 43 години, а Јапонецот Казујоши Миура даде гол на 50 години. Ништо не се тие.

Најлудиот гол викендов

Падна на мечот Алеманија Ахен - Вуперталер (4-1) во германската лига Запад. Го даде Липолд кој на домаќинот му донесе дуплирање на водството.

Ритуал за славење победа во Полска

До сега гледавме како Легија Варшава ги слави победите во соблекувална, а сега имаме пример и како се слави против нив. Јагелонија успеа да го совлада 12 кратниот првак на Полска со гол во 87-ма минута и потоа херојот на мечот, Литванецот Федор Ивановиќ Черних беше главен во соблекувална.

Го викале Фластеро

Во поразот на Џирона од Барселона 0-3, домашниот фудбалер Пабло Мафео добил стриктна задача да го чува Лионел Меси на начинот „фластер“ како што викаат тренерите. Ама тој ептен буквално го сфатил тоа.

Каков беше Манчестер Сити пред да дојдат шеиците

На кратко, беше фраерски. Екипата ја тренираше Стјуарт Пирс а во составот имаше играчи како Џои Бартон, Дариус Васел, бруталниот Дени Милс, Дитмар Хаман, Георгиос Самарас, Бернардо Коради...

Најлудиот карамбол во словенечкиот фудбал

Сите работи кои можат да се случат за да настане карамбол пред еден гол, еве ги во Словенија на мечот Цеље - Олимпија кој заврши 0:0. Имаше луда одбрана, мајагери, боксување и пречка.

Топол пречек за Пандев на Џузепе Меаца

Горан Пандев доби шанса во последните 15 минути од неделната средба меѓу Интер и Џенова која заврши 1:0, а домашните навивачи го скандираа неговото име кое беше дел од историската сезона 2009/2010 со Мурињо, кога клубот стигна до тројната круна. Пандев освои вкупно 6 трофеи со Интер, а потоа направи трансфер во Наполи. Убав гест на навивачите.

Голманче што ти бидна бе?

Рој Кортсмит брани за Спарта Ротердам, ама кога викамe брани, буквално брани. “Дај да пукне“ е малку за ова, треба сите играчи да го частат пиво.

Ваков удар во агол нема голман што може да го одбрани

Во Литванија падна гол во најгорниот можен ќош од аголот кој не го брани ни Буфон, ни Донарума, ни било кое друго голманиште. Мапемба од Струмбас извади необично оружје од таа позиција кое вреди да се види.

Деби гол за Стефан Спировски во Унгарија

Македонскиот репрезентативец Стефан Спировски ја начна мрежата во унгарското првенство. Ференцварош славеше 2:0 против Диосѓер, а тој го постигна вториот погодок на средбата. Спировски го напушти Вардар по двомечот со Фенербахче во плејофот од Лига Европа.