18 кратниот првак на Хрватска е единствената екипа во Европа која во 2018-ма ќе влезе без ниту еден пораз оваа сезона на ниту едно натпреварување.
Модрите беа во друштво со гиганти како Интер, ПСЖ и Манчестер Сити, но тие кикснаа овој месец. Пред 8 дена првиот меч сезонава го загуби и Анортозис (0:3 од АПОЕЛ) и Динамо Загреб така остана единствен без пораз.
Лидерот во хрватскиот фудбал од летоска до сега одигра вкупно 27 натпревари (20 во првенство, 4 во Европа и три во Куп и 160 дена не знае за пораз во ниту едно натпреварување.
Манчестер Сити и Барселона немаат пораз во домашното првенство, но не се непобедливи на сите натпреварувања. Манчестер Сити загуби од Шахтјор во 6. коло од Лига на шампиони, а Барса беше поразена од Реал Мадрид на двата меча во финалето од Супер Купот на Шпанија.
Избраниците на Марио Цвитановиќ ќе останат непоразени минимум 257 дена, бидејќи следниот официјален меч го играат дури на 10 февруари на гости против Осијек.