Фудбал

Римската волчица против Ливерпул, Реал - Баерн!

Фудбалерите на Рома ќе имаат шанса да му се одмаздат на Ливерпул за поразот во финалето на „Олимпико“ во 1984, а Реал и Баерн ќе се судрат во епскиот класик.

Арсенал и Атлетико Мадрид на мегдан во полуфинале

Ждрепката во Нион сакаше во полуфиналето од Лига Европа да гледаме финале пред финалето.

Со трагичен автогол им подари титула

Аргентинскиот дефанзивец Сантијаго Гарсија од Толука е двојно поголем лузер од играчите на Барса и Јуве оваа недела. Во финале на таканареченото мексиканско првенство Clausura 2018 Copa MX успеа на најлош можен начин да си го измами голманот со автогол вреден титула за Неказа. И тоа пазете на 5 минути до крај.

Новост во FIFA 2018 за судијата на Реал - Јуве

Не знаеме само дали ќе може да се изведе на R1 и триаголник или на икс со L2.

Италијански новинар доби црвен картон на Бернабеу

Џорџо Кјелини не бил единствениот кој решил да ги провоцира мадридистите дека со мито ја завршија работата во четвртфинале. Познатиот новинар и водител на Медиасет, Мино Тавери им извади банкота на навивачите на Реал, а обезбедување го отстрани од трибина бидејќи можеше да дојде и до тепачка.

Рома продава карти за полуфинале против Ливерпул

Римјаните направија огромна сензација во ЛШ против Барселона и делуваат некако нестрпливи за ждрепката, па сами си го избраа следниот противник кој можеби и го посакуваат.

Најсмешниот досуден пенал во финале на ЛШ

Доста беа кавги и анализи за пеналот на дуелот меѓу Реал и Јуве. Во 1960-та година во финале се сретнаа Реал и Ајнтрахт Франкфурт конечни 7:3. Четири гола даде Ди Стефано и уште три Пушкаш. За пеналот како да ви кажеме...Работава не примам цивки.

И тренерот на Фиорентина го истетовира бројот на Давиде Астори

Капитенот на Фиорентина Давиде Астори го пронајдоа мртов во хотелот La di Moret при гостувањето на екипата во Удине. Причина за смртта била брадиаритмија. Давиде почина на 4. март. По неговата смрт неколку играчи на Фиорентина го истетовираа неговото име а сега тоа го стори и тренерот Стефано Пиоли.

Нов рекорд во Лига Европа: 3 гола за 247 секунди

Ваква фудбалска недела Европа не памети. На 16 четвртфинални натпревари паднаа неверојатни 55 гола (31 во Лига Европа и 24 во Лига на шампиони) или во просек 3.44 гола по натпревар! Салцбург дома на Лацио му даде 4 гола од кои 3 во само 247 секунди и тоа е нов рекорд во ЛЕ.

Лацио декласиран од Салцбург, Ристовски до пирова победа

Римјаните во само четири минути примија три гола и упропастија сè што макотрпно градеа цела сезона во Европа. Нашиот репрезентативен бек одигра одлични 79 минути во триумфот на Спортинг против Атлетико Мадрид.

Кој е судијата кој свирна пенал и го разгневи Буфон?

Мајкл Оливер ги учел судиските правила уште на 4 години и денес е најмладиот судија во англиската Премиер лига. Неколку пати го критикуваа Венгер и Мурињо но од ФА сезонава му довериле дури 33 меча во најдобрата англиска лига.

Најновите рекорди на Роналдо со помош на контроверзниот пенал

Спласнале или не импресиите од драмата, заслужија или не пенал во 93-та, Кристијано Роналдо продолжи да ја испишува историјата во Лигата на шампиони. Вака ако продолжи уште некоја година никој не стига во наредни 100 години.

Мал пад на Македонија на ФИФА ранг листата

По двете пријателски средби во Анталија на кои не успеа да забележи победа, македонската фудбалска репрезентација падна две места на рангот на ФИФА.

„Не знам што се чудите, лани на Баерн му се случи ова, сега нам“

Изјави од крајност во крајност - исти онакви какви што беа процените за тоа дали бил или не бил пенал. Со исклучок на Дел Пјеро кој делува зачуден од изреченото на Буфон.

Буфон: Судија оди јади помфрит со жена ти на трибина

Како никогаш до сега Џиџи Буфон се појави пред медиумите со жесток напад врз судијата, без влакна на јазикот, гневен и убеден дека не заслужил да го суди овој меч. Роналдо не разбира зошто се бунеле.

Глупоста на Рамос поради која можеби ќе пропушти и полуфинале

Како што соопшти Cadena COPE, делегатот на УЕФА во својот записник после мечот запишал дека Серхио Рамос и покрај суспензијата, се појавил во подтрибинскиот простор.

За време на Реал - Јуве во Чемпионшип падна страшен гол

Рубен Невес младиот фудбалер на Вулверхемптон на мечот со Дерби од Чемпионшип фати волеј каков што ретко се гледа. Невес зголеми на 2-0 а неговите Вулвси со една нога се веќе во Премиер лига.

Спортски поздрав на две големи легенди

Без разлика кој е во право, ова се сцени за почит. Едниот веројатно му го разбира гневот и со респект му даде пријателска гушка, а другиов е величина која со душа ги прифаќа овие искрени поздрави, па дури и во ваква ситуација во која е попизден како сè заврши, а како можеше да биде.

Беше ли Оливер во право?

Навивачите на Јуве и Реал очи ќе си извадат на Фејсбук за тоа дали имаше или немаше пенал врз Роналдо. Ситуацијата е спорна, размислувањата се поделени, па дури и на неутралните навивачи и на експертите.

Лига на шампиони во собрание

Ние од спортска не пратевме дали пратениците синоќа и изгласаа недоверба на владата, ама забележавме дека му дадоа доверба и предност на мечот Реал Мадрид - Јувентус. Ноќна собраниска седница во спортска среда изгледа вака:

Плативте за да одите понатаму

Џиџи Буфон не беше единствениот кој побудале од нервоза за пеналот во судиското продолжение со кој Реал стана полуфиналист во ЛШ. Џорџо Кјелини отиде малку подалеку и ги обвини Кралевите дека работата ја завршиле со мито.

Лудо сценарио во Мадрид, Роналдо со пенал во 97-ма го носи Реал во полуфинале

Вториот дел од филмот на Хичкок во ЛШ од стадионот Олимпико во Рим продолжи на Сантијаго Бернабеу. Јувентус извади херојски 0:3 за еден час игра вредни продолженија, но судијата свирна пенал во последните секунди од мечот. Буфон збесна и доби црвен, а соочувањето со Роналдо од 11 метри го имаше Шчесни.

Малерозните четвртфиналиња на Меси

Последниот свиреж на Олимпико во Рим не ја сигнализираше само капитулацијата на Барселона во Лигата на шампионите, туку и на Лионел Меси кој ја загуби топката 19 пати, шутна само два пати во рамки на гол од пет обиди и не даде ниту еден гол.

Да ја тепаш Барса со напаѓачки фудбал треба да си Ди Франческо

„Умешноста на војување“ од кинескиот воен теоретичар Сун Цу е омилено дело на тренерот на Рома кој синоќа демонстрираше како да го победиш непријателот кога е појак од тебе.