Арсенал и Атлетико Мадрид на мегдан во полуфинале

Ждрепката во Нион сакаше во полуфиналето од Лига Европа да гледаме финале пред финалето.

Ждрепката за Лига на шампиони и Лига Европа си ги сменија термините, па така во 12 часот Ерик Абидал ги извлече топчињата и фаворитите за трофејот ги смести во полуфинале.

Атлетико Мадрид ја освои Лигата на Европа во 2010-та и 2012-та, а Арсенал нема трофеј во ова натпреварување. Зборуваме за финалистот од ЛШ кој ги загуби дуелите со Реал во 2014-та и 2016-та, како и финалистот од ЛШ 2006-та кој беше поразен од Барселона.

Полуфинални двојки:

Марсеј - Салцбург
Арсенал - Атлетико Мадрид

Првите средби се закажани за 26 април, а реваншите се играат на 3 мај.

Финалето се игра na 16 мај во Лион.

13 април 2018 - 12:12