Фудбал

Во 2012 пишал „Животов е срање, ми треба работа“, сега ќе игра финале на ЛШ

Меѓу подобрите фудбалери на Ливерпул во полуфиналето против Рома синоќа беше младиот непознат Ендрју Робертсон од Шкотска кој имал необичен фудбалски пат.

Како се вади лого на ЛШ од лице?

Џејмс Милнер е цар на царевите. Го твитнал моментот од вчерашното полуфинале кога си даде автогол и прашува: Да не знае некој како се вади лого на ЛШ од лице?

Андрес ќе ти купиме 6 милиони флаши вино, ти само дојди кај нас

Еден од најдобрите плејмејкери во историјата на фудбалот по завршувањето на сезонава станува слободен играч. Тоа во превод значи дека ќе фрчат понуди од најбогатите, кои освен огромна плата, му доставија и една необична понуда.

Мохамед Салах, дар од Алах

За најголемиот хит меѓу напаѓачите оваа сезона кој на 26 мај ќе се бори за највредниот трофеј на клупски план, навивачите на Ливерпул смислија нов хит кој го згрмија со пивце во паб. Одлично звучи.

Што бидна меѓу Жељко Бувач и Јирген Клоп - неразделните другари

Неделава на „Енфилд Роуд“ било турбулентно: почна со повредата на Окслејд-Чембрлејн, потоа Салах имаше повик од египетски суд за на крај проблем да се јави со Жељко Бувач - десната рака на Јирген.

Ниту Реал, ниту Барса како Ливерпул

Импресивно делува овој состав на Клоп, а импресивни се и бројките до кој стигна сезонава во ЛШ. Кој би рекол дека при гиганти од рангот на Барселона, Реал, Баерн, Сити и ПСЖ, токму Ливерпул ќе меле кој стигне во елитното натпреварување и ќе стигне до финале.

Кога Клоп за малку ќе станел доктор а не фудбалер

Предводникот на генерацијата фудбалери која постигна неверојатни 40 гола во Лигата на шампиони сезонава, во младоста запнал да студира медицина. Сметал дека може да се најде во оваа област но го предомислувале да батали и да игра фудбал.

Ова не е нормално, се појави змија на арена Филип Втори

Кај ни е фудбалот ѓон и нема живо пиле на стадион, епа сега стварно нема да припари ниту пиле. На вчерашниот прволигашки меч меѓу Вардар и Скопје на редарите им се отвори скроз неочекувана и опасна работа. Бркаа змија на влезот на северна трибина и тоа бајаги голема. Лани Манчестер и Реал ги пречекавме на змијарников.

И Рома има право да се жали за пенал

На судиите во Лига на шампиони нешто не им се суди пенали сезонава. Турчинот Чакир и неговите помошници синоќа премолчија чисто играње со рака на Марсело, а по истите стапки продолжи и неговиот колега од Словенија, Дамир Скомина. 

Триото на Ливерпул е број 1 во ЛШ

Роналдо, Бејл и Бензема на 26 мај во Киев ќе си имаат работа со најефикасното трио сезонава во Лигата на шампионите. Статистиката ги смести Салах, Фирмино и Мане на пиадесталот. Ниту едни други тројца од иста екипа не успеале да постигнат толку голови во само една сезона. 

Салах во Италија: Љубов, омраза, обвинение за расизам и анти-семитизам

По многумина најдобриот играч сезонава во Лига на шампиони вечерва се враќа во Италија - земја во која заигра на врвно ниво но и каде го обвинуваа за анти-семитизам и за расизам.

Партизан се има вратено од 6:2

Ретко кој верува дека Рома може да направи две чуда по ред, ама во историјата стојат и не се забораваат некои луди пресврти. Фудбалерите на Партизан не загубија 5:2 како Рома од Ливерпул, туку 6:2, а на реваншот тепаа 4:0. Се работи за двомеч против КПР во второто коло од Купот на УЕФА во сезоната 1984/1985. Знаете кој го освои? Реал Мадрид.

На Габриел Палета му се чуди цела Кина за пеналов

Џиангсу и Тијанџин одиграа куп натпревар во Кина на кој срамот го изеде довчерашниот дефанзивец на Милан, Палета кој според информациите од кинеските медиуми утепал три чавки и еден гавран.

Смешна адаптација на грешката на голманот на Баерн

Свен Улрајх цела сезона одлично го заменува Мануел Нојер. Бранеше добро во германската Бундеслига и Куп, ама кога најмногу требаше во Лигата на шампионите заеба работа додека неговите соиграчи бркаа резултат за финале.

Серхио Рамос во улога на водач на навивачите

Столбот на одбраната на Реал Мадрид без кој не можат Кралевите во Киев ќе оди на трета европска титула со Реал и вкупно 19-та. По елиминацијата на Баерн, навивачите имаа привилегија од близу да му ги видат способностите како ултрас. Не е лош.

Шесто финале за Роналдо - само тројца играле таму почесто од него

Ремито против Баерн Минхен (2:2) и триумфот во Германија го однесоа Реал во финалето на Лигата на шампионите - трето по ред за „Кралскиот клуб“ и 16-то во историјата.

На шоу на кечери во Саудиска Арабија се собрале 60.000 луѓе

Светската кечерска организација организираше шоу во Саудиска Арабија. Вечерта на борба на кечери се одржала на модерниот стадион King Abdullah International во Џеда.

Марсело излезе поискрен од судијата

Вие што се расфрлате со коментари на Фејсбук како што ќе ви текне од типот дека сме врескале како напалени мајмуни прво подсредете си го речникот, а потоа прочитајте што вели легендарниот бек кој игра за клубот кој го бодрите.

Шанси, шанси, шанси...

Баерн и Реал имаа полуфинален двобој во Лигата на шампионите како што ги личи. Играа отворен и напаѓачки фудбал, посебно Германците со многу возбуда и неизвесност која заврши со вкупно 7 голови. Баварците доминираа, Кралевите се финалисти, ете тоа е фудбалот.

Ферски потег на Хамес Родригез - стоеше до зборот

Во ситуација кога мораа да ги перат грешките на својот голман Улрајх, Колумбиецот постигна гол против својот Реал Мадрид но не го прослави. Не се израдува и покрај тоа што на „Сантијаго Бернабеу“ не го третираа коректно.

Во Етиопија ја направија големата

На мечот меѓу Дефенс и Велвало Адиграт Универзити при резултат 1-1 настанал прекин кога судијата во еден момент досудил дека топката ја поминала гол-линијата и го признал голот за Дефенс. Противничките играчи тогаш го бркале и физички го нападнале.

Го видовте ли најубавиот гол на Јунајтед сезонава?

Најомилениот фудбалер на Жозе Мурињо против Кристал Палас на гости на „Селхарст Парк“ даде страшен гол од 30-ина метри. Тоа е и официјално најубавиот погодок на Манчестер Јунајтед сезонава.

За малку ќе го пуштеа да си оди, а Навас ги внесе во финале

Голманот која се прослави на Светското првенство 2014-та во Бразил е еден од ретките кој ќе направи кикс а потоа ќе го надомести со врвни одбрани на голот. Така беше и на двомечот со Баерн. На првиот дуел во Минхен Кимих му даде гол буквално во негов агол а во текот на мечот Кејлор Навас бранеше како мачка. Така беше и синоќа.

Недозволив е ваков кикс кога бркаш финале

Второто полувреме од дуелот на титаните во Мадрид почна ужасно лошо за гостите. Свен Улрих кој го менува повредениот Ноер направи голманска грешка која проаѓа само на тренинг. Бензема го казни за 2:1.