Арената која што свечено ја отворија во 2014-та година и за чија изградба потрошиле околу 560 милиони долари има капацитет од 65.000 гледачи (на фудбал толку доаѓаат да ги гледаат клубовите кои се тука домаќини, Ал Ахли, Ал Итихад и репрезентацијата).
На борба со кечери се собрале 60.000 гледачи!
Саудијците ги виделе на дело најголемите ѕвезди од овој спорт: Џон Син, Брок Леснар, Triple H, Еј-Џеј Стајл, Реј Мистери и други.
Шоуто завршило со „Кралската борба“ во која учествувале дури 50 борци - претходно никогаш во историјата толку луѓе истовремено немало во една борба.
Пред „Кралската борба“ се одржал бој за шампионската титула во WWE Universal во која поранешниот шампион во UFC Брок Леснар го победил Роман Рејнс. Наскоро Брок ќе може да ги обедини двете титули во различни спортови: претседателот на UFC во меѓувреме сака Леснар да се врати во промоциските борби и да спремен е да му даде појас за борба.
Притоа Леснар нема да мора да го раскине договорот со WWE. За негово враќање во октагонот ќе се разговара а тој во меѓувреме за 10 минути во Џеда го победи Рејнс.
„Ова е пробој за целиот саудиски спорт. Сметаме дека турнирите на WWE треба од сега редовно да се организираат“, изјавил шефот на спортскиот комитет на Саудиска Арабија, Турки Ал-Шеих.
На турнирот не настапиле жените кои се занимаваат со овој спорт. Арапските закони им забрануваат на жените да учествуваат во јавни настани.
„Многу се интересираат за тоа прашање, но ние сме должни да ја уважуваме културата и религијата на земјата и не смееме да ги диктираме условите. Жените за сега не може да се борат на турнирите кои се организираат на територија на Саудиска Арабија. Но има дијалог. Да се надеваме дека во скоро време ситуацијата ќе се смени“, рекол потпретседателот и борец во WWE, Tripl H.
Според новиот договор, WWE ќе одржува турнири во Саудиска Арабија до 2030 година. Необичено е што турнирот во Џеда бил посебен по неколку работи: прво на трибините им допуштиле влез на девојчињата и машките деца но само во друштво на возрасни. Тоа станало можно благодарение на демократските реформи на новиот принц на Саудиска Арабија Мохамед ибн Салман.
Следното кечерско шоу во Саудиска Арабија ќе се одржи во ноември 2018-та па потоа и во 2019-та. Саудијците сакаат турнирот да се одржи следниот пат во главниот град Ријад на најголемиот стадион во земјата „Крал Фахад“ кој собира 68.000 гледачи.