Ние ниту врескаме, ниту судиме, ама и да судиме, понекогаш тоа го правиме подобро од некои судии кои во последно време се изгубија во времето и просторот.
Не зборуваме за конкретни ситуации, туку констатацијата е општо прифатена од сите што се инфицирани од оваа болест наречена фудбал, дека судиите сезонава грешат на големо и во Лига на шампиони и во Лига Европа и во најквалитетните лиги.
Ние тоа само го пренесуваме и точка, а глупаво е да го игнорираме бидејќи е факт од кој нема бегање. Едноставно се работи за судиска неправда која му прави штета на фудбачот бидејќи влијае на резултатите.
Во тој контекст Марсело од Реал Мадрид е цар, а турскиот судија Чакир лузер бидејќи фудбалер јавно му исправа грешка во работата.
„Ја допрев топката со рака, беше пенал. Ќе излажам ако го кажам спротивното“.
Тоа е изјавата на бекот на Реал Мадрид кој излезе искрен пред себе, клубот, навивачите и јавноста.
„Обично не зборувам за судии, но понекогаш грешат во корист на едни, а друг пат на други“, рече Бразилецот.
Иван Зазарони, еден од најпознатите фудбалски експерти во Италија
„На навивач на Баерн и љубител на фудбал, не може да не му заигра нешто од внатре. Судијата Чакир го реши полуфиналето Реал - Баерн со тоа што не им досуди минимум два пенали на Германците. И во европските купови ВАР стана неопходност за да се ограничат судењата или “политичките“ судења“.
A un tifoso del @FCBayern e all’amante del calcio non possono non girare i coglioni: l’arbitro Çakir ha deciso la semifinale #RealBayern non assegnando almeno due rigori ai tedeschi.
— Ivan Zazzaroni (@zazzatweet) May 2, 2018
Anche nelle coppe il Var è diventato una necessità per limitare gli arbitraggi miopi o “politici” pic.twitter.com/edSBsmGUb9