Фудбал

Како Реал му го грабна на Атлетико Раул Гонзалес

Шпанската фудбалска легенда со 16 сезони и 16 трофеи во кралскиот клуб, денеска слави роденден. Можеби некој од вас не знае дека пред да стане член на Реал, се калеше во Атлетико и за да успеат да им го земат го излажале, ама на многу штосен начин.

Пред една година татко му на Погба починал, сега игра за него

Светското првенство 2018 е посебно за Пол Погба, фудбалерот на Манчестер Јунајтед кој пред една година останал без најдрагиот човек во својот живот.

Остај му го бе цреп

Колку треба да си без осет за да се грабаш по дрес преку ред во кој неместени беа мајка со 16 деца. Плус да си од Перу, а дресот беше наменет за едно од децата Австралијци, од страна на ветеранот на Австралија Тим Кејхил. Ќе го шитнеше во прва прилика ако го здиплеше.

Вратот го болело

Диего Армандо Марадона, да бидеме реални, на моменти не знаеше на која планета се наоѓа за време на мечот меѓу Аргентина и Нигерија, така што соопштениево е малку како да ви кажеме...

Голманот кој никогаш не бранел за Аргентина, а дебитираше на Светско

До 31 година чекал да му се исполни животната желба и да брани за својата земја. Сонот му се оствари на Светско првенство каде имаше одлично деби.

Во меѓувреме одиме на Антартикот

Најладната и најдалечната партија славје синоќа се случи на Антартикот. Метереолошката служба на Аргентина сподели видео од научници и истражувачки кои го слават пласманот на Аргентина во нокаут фаза на -4. Ма браво. Не за џабе рекле дека Светското првенство е планетарен собир.

Новинарот кој му донесе среќа на Меси

Новинарот: По првиот натпревар ви дадов амајлија што ми ја даде жена ми, не знам дали ја фрливте или...? Меси му ја покажува дека ја носел во нога, новинарот воодушевен, се врти накај камера и не може да поверува.

Славје на Аргентинците во автобус

По сите перипетии и слаба и безлична игра во првите две кола, селекцијата на Аргентина конечно најде начин да заличи на нешто и со една победа да замине во осминафинале. Репрезентативците се пресреќни што го избегнаа најнепосакуваното сценарио и тоа го прославија со песна.

За кого навиваше вечерва Марадона?

Урлаше, па спиеше, па пак урлаше, па на голот на Меси се исклучуваше и на крај им покажуваше среден прст веројатно на поразените. Но еве сега гледаме и кого величел.

Аргентина се спаси од резил, а Марадона се поремети

Со голот на Маркос Рохо во 86-та минута, Аргентина се избори за осминафинале во директниот дуел со Нигерија за второто место. Четири минути подоцна на Гаучосите им олесна откако дознаа дека Перишиќ го тресна Исланд во последна минута.

Перу даде гол на Светско после 36 години, Данска оди на Хрватска

Во последното коло од групата Ц Франција и Данска одиграа колку што им треба за едните да останат први, а другите втори. Перуанци плачеа на голот кој го чекаа 36 години.

Косоварите собираат пари да ја платат казната на Шаќири и Џака

Иако се најавуваше дека ФИФА ќе ги казни Гранит Џака и Ѓердан Шаќири со неиграње натпревари на Светското, сепак се решија само парично да ги казнат фудбалерите кои имаат потекло од Косово а играат за Швајцарија.

Миле со фаул за во затвор

По 10’ минути игра на мечот Австралија - Перу, капитенот на „кенгурите“ направи тежок прекршок за што доби жолт картон. На полувремето Перу води со 1-0.

Борбеноста на Уругвај во едно видео

Тие се прва селекција со три од три на ова Светско и една од двете заедно со Хрватска која нема примено гол. Уругвај и пред дуелот со Русија беше сигурен осминафиналист, ама и покрај тоа изгина за секоја топка и заслужено ги збриша домаќините.

Колку што тој може да ја префрли со рака, некој не може со нога

Ви ја пренесовме приказната за голманот на Иран кој избегал од дома за да си го оствари сонот, ама не ви ја покажавме неговата специјалност. Велат дека ова му е од многу фрлање со камења, иако повеќе личи дека му е од фрлање ѓуле.

Од бездомник до учесник на СП кој му фати пенал на Роналдо

Алиреза Беиранванд е името на голманот на Иран, веројатно единствениот човек со ваков пат до Мундијалот во Русија. Да не го направел чекорот кој се вика бегање од дома и живеење кај стигне, сега веројатно ќе бил само овчар.

Русин побарал за жена Колумбијка на мечот Полска - Колумбија

На мечот Колумбија - Полска на трибините имало убав настан. Сергеј, извесен доктор од рускиот град Томск ја побарал својата девојка Карен од Колумбија за жена. Но имало само еден услов - да и го даде прстенот само ако Колумбија даде гол. И така кутриот Сергеј ги преживеал првите 40 минути. За сè друго се погрижи стоперот на Барселона Јери Мина.

Приказна за голманот на Египет кој брани на 45 години

Татко му имал пристојна работилница и секој ден му трубел или да седне да учи или да помага со работата. Ама малиот Есам сакал само едно нешто да брани и тоа да брани без ракавици.

Изјава на денот на Пеле за Аргентинците

Во одговориве има толку вистина што сите што планираат да типуваат на Аргентина денес треба да се подразмислат.

Убав гест на фудбалерите на Аргентина

Селекцијата на Аргентина за сега не одигра ништо на овој Мундијал и вечерва ги чека директен дуел со Нигерија за прва победа која веројатно би ги однела во нокаут фаза. Навивачите и покрај слабите игри заминаа пред хотел да ги бодрат, а овие не останаа глуви и се симнаа да ги испочитуваат. Ѕвездите од напад не ги гледаме во кадар, што не е за оправдување, ама има тука повеќе од половина репрезентација. Браво, вака се билда атмосфера пред многу важен натпревар.

Шансата на Иран во 94-та вредна осминафинале

Иран и Мароко не се големи фудбалски сили, ама против поквалитетни селекции од нив го потат дресот со срце. Шпанија едвај извади 2:2 со Мароканците, а Европскиот првак за влакно не беше елиминиран. Иран во 93-та израмни на 1:1 од пенал, а една минута подоцна имаше чиста ситуација за осминафинале.

Падна најубавиот гол на Светското, Португалија и Шпанија куртулија

Драматична завршница на последното коло од групата Б во Калининград и Саранск каде Шпанија и Португалија во судиското продолжение ги сменија позициите на табелите.