Замислете да сте фудбалер на клубот Дорадос и за нов тренер ви го претставуваат легендарниот Диего Марадона. На секој тренинг Диего ви раскажува како подобро да работите со топка, учите финти од него, учите како да шутирате кон гол а Диего со вас тренира и начин на прослава на гол.
Токму преку свој пример „лудиот“ Марадона покажал како правилно да лизгаш на стомак по теренот. Тој е втор на видеово:
Hay ciertos lujos que uno se puede dar terminando el #TrabajoDorado. 🙌🏻😍 pic.twitter.com/YW0DfL1QMD
— #HazlaDeDiez (@Dorados) October 4, 2018
Диего неодамна стана технички директор на клубот Дорадос де Синалоа кој игра во втората мексиканска лига. Должноста на Марадона е формална затоа што тој подработува и како тренер и ја тренира екипата.
Овој клуб постои само 15 години и е наречен во чест на златната рипка дорадо која живее во Калифорнискиот залив.
Диего во мексиканскиот клуб еднаш и тверкал во соблекувална:
После првиот меч барал играчите и навивачите да го направат исландскиот викиншки поздрав:
Раскажал и дека на Светското првенство пушел од бонг додека ја гледал Мексико - Германија:
Qué opinan del apunte de Maradona sobre el partido de Rusia 2018 entre México y Alemania 🇲🇽1-0🇩🇪... pic.twitter.com/bTfEj6RxBE
— Xavi Sol ➔ (@XaviSol_) September 11, 2018
Интересно и помалку неочекувано, екипата откако ја презел Диего се искачила погоре на табелата. Кога Марадона станал тренер Дорадос бил во зоната за испаѓање. Со него два пати победиле а еднаш изгубиле минимално и во моментов се деветто место во првенството на еден бод од пласман во плејофот за кој е рано да се предвидува.