Фудбал

Меси во недела може да стане најтрофејниот играч во историјата на Барса

Според многумина најдобриот фудбалер на планетата, утре вечер може да влезе во историјата како најтрофеен играч на каталонскиот гигант.

Финта на колото во Африка

На мечот меѓу Мамелоди Сандоунс и Полокване Сити, Тема Зване го испружи на земја противничкиот играч Бафана Бафана.

Кој е Ед Вудворд, човекот кој му го зезна летото на Мурињо?

Жозе е најтажниот тренер летово. Прво го викнаа да анализира натпревари од Светското на канал кој немаше права на пренос, после поради обврски го пропуштил полнолеството на ќерка му, па му почнале фудбалските проблеми.

Промоција на Санти Казорла со магичен трик

Откако после 636 дена отсуство од фудбалот поради тешки повреди, симпатичниот Санти Казорла се врати на теренот во својот матичен Виљареал каде го промовираа на необичен начин.

Првпат после 15 години еден англиски клуб ни купи ни продаде играч

Тотенхем направи необичен рекорд на трансфер пазарот: за време на летниот преоден рок првпат од 2003 немаа ниту еден трансфер и по тоа се единствени во Премиер.

Џерард му преведуваше од шкотски акцент на новото засилување од Хрватска

Никола Катиќ пред три години играл во третата хрватска лига, а сега од Славен Белупо потпиша за славниот Глазгов Ренџерс за кого веќе постигна еден гол и тоа против Осијек во квалификациите за Лига Европа. Катиќ е стопер, добро зборува англиски, но тешко му оди шкотскиот акцент.

Тричковски даде гол на меч кој беше прекинат поради голем инцидент

Мечот Штурм - АЕК Ларнака (0:2) на кој нашиот Тричковски даде гол за гостите, беше прекинат откако на линискиот судија му беше дупната главата со предмет фрлен од трибините.

Новиот шпански Суперкуп е права шпанска серија

Наместо традиционалните два меча, од годинава за пехарот во шпанскиот Суперкуп ќе се игра само еден натпревар а за датумот се испокараа Севиља, Барселона и федерацијата.

Малдини ги предводи иконите кои се вратија во својот клуб

Покрај легендарниот дефанзивец, летово ширум Европа неколку легенди решија да се посветат на клубовите каде се прославија.

На тренинг во Јуве е интересно со Роналдо

На 18 август почнува новата сезона во Серија А. Шампионот Јувентус го очекува преполн стадион во Верона каде ќе му гостува на Кјево. А „Бјанконерите“ до тогаш се спремаат во сјајна атмосфера.

Каде оди фудбалот - Челси даде 80 милиони евра за голман

По неколкудневни преговори шпанскиот голман Кепа Арисабалага премина од Атлетик Билбао во Челси за вртоглави 80 милиони евра и стана најскап голман во историјата!

Претседателот на Рома е асли цар

Маркетинг службата организира квиз со прашања. Гости: газдата на Рома, Џејмс Палота, Американец со италијанско потекло, стоперот од Грција Костас Манолас и вундеркиндот Џастин Клајверт, син на легендарниот Патрик. Во еден момент паѓа муабет за тоа колку гола треба да дадат за претседателот да им купи ново Ламборгини. Комедија.

Како навивачите на Ливерпул го пречекаа Лорис Кариус?

Германскиот голман во Ливерпул ќе биде запаметен по катастрофалните грешки во финалето од Лига на шампиони против Реал. После тој меч Кариус беше исмеван по социјалните мрежи, добивал закани по телефон, клубот му најде замена во Бразилецот Алисон, а единствени кои го почитуваат се навивачите кои на пријателската против Торино го пречекаа со овации:

Што може жена, не може никој - добро знае Лука Модриќ

Тивкиот и повлечен Лука Модриќ не би можел да опстане во светот на менаџерските хиени ако крај него не била таа - русокосата Загрепчанка која детството го поминала во канцелариите на Максимир.

Врвна најава за новиот Football Manager 2019

Редизајниран и ребрендиран, новиот Football Manager 2019 официјално ќе излезе на 2. ноември. Трејлерот е преубав.

Хаос, карамбол, лудило во шеснаесетник

Во последните секунди од дуел од американската USL лига меѓу Северна Каролина и Чарлстон Батери се одигра права панаѓурска акција. Не се знаеше кој јаде кој пие.

Бесмислена прослава на гол што мора да ја смени

Бразилскиот Атлетико Параненсе со 1-4 го совлада Пењарол во Уругвај, а фудбалерот кој го постигна вториот гол за гостите, Марсио, имаше глупава прослава на погодокот.

Марсело со нова мајсторија на тренинг

Иако се шушкаше дека ќе ги спакува куферите да му се придружи на Кристијано во Јувентус, бразилскиот магионичар се врати на тренинзите во Реал и покажа кој е кој.

Луѓе што многу наликуваат на познатите фудбалери

10 познати светски фудбалски имиња имаат свои двојници, некои повеќе некои помалку познати.

Мурињо и проклетството на трета сезона на иста клупа

Уште четири дена остануваат до стартот на англиската Премиер лига. Во петок Манчестер Јунајтед на свој терен го пречекува Лестер, а сезонава ќе даде јасен одговор за иднината на Жозе Мурињо на клупата на Манчестер.

Тибо Куртоа на стара фора сака да го зафркне Челси

Најдобриот белгиски и можеби европски голман, Тибо Куртоа има намера преку проверени методи со отсуства од тренинзи и натпревари да го присили Челси да крене раце од него и да го продаде. Но што ако клубот се заинаети и го стави да брани за младинците цела сезона?

Неверојатна одбрана во данското првенство

Голманот на Оденсе, Стен Гритебуст на мечот со Копенхаген ја имаше можеби одбраната на сезоната.

Велат дека Ескобар е убиен поради автогол, но приказната е посложена

Иако важел за џентлмен на теренот, чесен и пристоен човек кој одбил да остане во Америка по испаѓањето од Светското и решил да се врати дома меѓу своите Колумбијци, асфалтот немал милост за него.

Реал го нема Роналдо, ама го има Дани Себалјос

Во ситуација кога Кристијано замина во Јувентус, а најголемите ѕвезди одмораат уште некој ден по напорите на Светското првенство, на тренинзите на Реал за забава е задолжен младиот талент Дани Себалјос.