Фудбал

Еврогол во Хрватска, ножички на фудбалер на Динамо

Центарфорот на најголемото изненадување во Лига Европа досега сезонава и актуелен хрватски шампион Динамо, Бруно Петковиќ постигна неверојатен гол против Локомотива Загреб.

Битка на која Јужна Америка чека 58 години

Во сабота од 21 по наше време ќе се бие судир на титаните во јужно-американскиот фудбал. Ова Superclásico низ историјата донело сè и сешто, но финале на Копа Либертадорес никогаш. Затоа овој двомеч ќе биде најмераклиски.

Алекс Дел Пјеро – човекот кој на таа пара и слава никогаш не летна во облаци

Тој е вечен фудбалер за пример во и надвор од терените. Човек кој не можеш да не го сакаш. Конте за него вели дека и кога дише пренесува нешто посебно, а Трапатони го смета за играч кој му припаѓа на народот. Среќен 44-ти роденден легендо.

Човекот кој го прегоре грлото за Икарди

Италијанските клубови кога ангажираат луѓе за читање на составите, гледаат да одберат мотиватори во душа способни да и го кренат адреналинот на публиката. Интер има таков и кога нивниот главен играч ќе даде гол, преку 70.000 гледачи повторуваат по него. Погледнете го со колкава страст го работи ова.

Интервјуто во ЛЕ за кое немаме објаснување

Дани да Коста е десен бек на Ајнтрахт Франкфурт и најверојатно фудбалер со неостварена желба да биде новинар. На друг начин не знаеме да си го објасниме овој феномен, некој играч да сака сам да си поставува прашањата и сам да си ги одговара. 5-6 пати го изгледавме, се чудевме, се смеевме, а успеавме и да се снајдеме со превод од германски кој се надеваме дека ни е точен.

Татко на колото

Дилемата е дали да добие жолт или црвен картон за ваквиот развој на настаните.

Ела филе, ела нозицки

Лазарос Христодолуполус е единствениот фудбалер во грчкиот фудбал кој го облекувал дресот на најголемите грчки ривали. Роден е во Солун па играше за ПАОК, потоа за Панатинаикос, па го засакаа во АЕК и сега моментално е играч на Олимпијакос. Во април годинава даде страшен гол за АЕК со ножички во полуфинале на Куп, а синоќа за Олимпијакос против Дуделанж во Лига Европа (5:1) го повтори ремек-делото.

Полека бе Кеси од твоја е тој

По поразот на домашен терен од Бетис, фудбалерите на Милан извадија 1:1 на реваншот во Шпанија, меч по кој Гатузо изгледа ќе треба да мава заушки. Погледне како Кеси му влезе несмасно на Мусакио, а што е најтрагично овој лежеше ко покосен и мораше да излезе од игра. На негово место во 82-ра минута влезе Ромањоли.

Адеми и другарите правеа шутка во соблекувална

По пауза од 49 години Динамо Загреб се избори за нокаут фазата во Лига Европа, а тоа беше повод за лудо славје во соблекувална. На Фејсбук се јави и бегалецот Здравко Мамиќ кој им се заблагодаруваше и на куварките.

Победничка вечер за Македонците во ЛЕ

Аријан Адеми со Динамо Загреб е првиот патник од македонските претставници во нокаут фазата од ЛЕ. Елмас со Фенербахче и Ристовски со Спортинг се со една нога во следна фаза, а важна победа оствари и Николов со МОЛ Види. Елиминација на Тричковски со АЕК Ларнака.

На Павков му дошле пред зграда да му пеат

Симпатичните поштапалици на сметка на Милан Павков, човекот кој до пред пар години играл по третолигашки калишта а во вторникот му даде два страшни гола на Ливерпул, продолжуваат. Група навивачи на Црвена звезда дознале кај живее и отишле да му пеат под прозор.

Последниот пресврт на Манчестер Јунајтед сличен на вчерашниот

Знаете ли кога Манчестер Јунајтед последен пат успеал да добие натпревар во ЛШ со пресврт, односно со два комада во финишот. Статистиката не носи на еден епски натпревар на кој не ни дава душа да не се потсетиме колку и да е верглан.

Пато растура во Кина

Ако случајно не го следите, ќе ве потсетиме дека Алехандро Пато веќе втора сезона игра за Тианјин, а кинеската публика ужива во неговите голови. Со оваа неодбранлива индивидуална мајсторија 29 годишниот Бразилец стигна до гол број 15 сезонава на 21 меч.

На „ФИФА 19“ бирајте го Барди

Енис Барди не е било кој играч од шпанското првенство, туку ѕвезда споредувана со Меси во однос на способноста за проектили од слободен удар. Дечково игра „ФИФА 19“ со Ливерпул и во тим го става македонскиот репрезентативец. Како помина? Па збрца “само“ 5 комада, кој од кој поубави.

Испратил смс порака кај учителката и си ја уништил кариерата во Јуве

Името Винсент Перикар веројатно не ви значи ништо и покрај тоа што во биографијата му стои дека бил член на Јувентус. Но тоа било само на хартија. Од играчка со другарите работава излегла плачка.

Митот за тоа колку стомачни вежби прави Роналдо на ден

Како што на времето постоеше анегдота дека Синиша Михајловиќ има страшно силен шут поради тоа што наводно правел по 2.000 стомачни сабајлечки, така и денес се плетат разни анегдоти околу стомачните на Кристијано Роналдо.

Генијалниот левучар кој два пати го спасува Мурињо од слободен удар

Хуан Мата е човекот кој го врати во игра Манчестер Јунајтед на торинскиот стадион „Алијанц“. Во 86’ минута, штотуку влезен од клупата за резерви, постигна преубав гол од слободен удар.

Ешли Јанг уби гулаб

Ако некој денеска најде топка во Торино со знакот на ЛШ, нека ја врати на Алијанц. Се работи за загубена топка од мечот меѓу Јувентус и Манчестер Јунајтед која Ешли Јанг ја префрли преку стадион.

Мурињо: Да ве чујам погласно

И покрај моќта, формата и стабилноста, Јувентус загуби натпревар на домашен терен во ЛШ и тоа по пауза од 2009-та, а му го нанесе Манчестер Јунајтед со два гола во последните 4 минути. Специјалниот не ја пропушти можноста да ги испровоцира навивачите на Јуве во свој стил, а потоа изјави дека тоа го направил бидејќи цел меч му го навредувале семејството и Интер.

Манчестер на мурињовски начин го олади Јувентус среде Торино

Играше Јуве препознатлива игра, поведе со прекрасен гол на Роналдо и сè делуваше дека трите бода ќе останат во Торино, но во последните четири минути пред крај Јунајтед направи чудесен пресврт.

Нова глупост на Серхио Рамос, страшно раскрвари противнички играч

И во ситуација кога сакаш да бидеш неутрален и да не носиш проценки и суд, не можеш да не кажеш дека Серхио Рамос на моменти не е најголемо говедо во европскиот фудбал.

Досуден најлудиот пенал откако постои Лига на шампиони

Сме гледале глуми на фудбалери подобри од професионални актери, ама вакво нешто уште не сме виделе. 24 минута од мечот Манчестер Сити - Шахтјор. Рахим Стерлинг се сопнува сам од земја а судијата свири пенал кој Габриел Жезус го реализира за 2:0.

Искуството на Рамстор пресудно во дуелот со Маркарт

Во вториот ден од 7. коло во Бизнис лигата на Македонија славеа екипите на Уника, Рамстор и Матрикс.

Дечки ај по бурек и двајцата

Иако е млад, има само 21 година, сепак Осман Дембеле знае да ги праќа постарите по бурек. На Вечино му рече оди по четврт со сирење, а на Брозовиќ со месо. Овие синхронизирано заминаа.