Фудбал

Фергусон се врати на Олд Трафорд после 5 месеци и доби овации

Како гром одекна веста дека најтрофејниот тренер во историјата на Манчестер Јунајтед добил излив на крвотокот во мозокот и бил итно реанимиран. После неколку месеци рехабилитација се врати на местото каде најмногу сака да биде. Меѓу своите.

Дибала сменил дом, менаџер, девојка, а можно е и клуб

Пауло Дибала, фантастичниот Аргентинец одново има проблеми. Сезонава во стартните 11 влегол само три пати на шест меча, на терен поминал 280 минути и дал 0 голови. Пред само една година бројките беа поинакви - осум голови после пет кола во Серија А.

Еден фудбалер прашува кога има аудиција во Драмски

Се вика Дејверсон и игра за трофејниот бразилски клуб Палмеирас. На гостувањето кај Спорт Ресифе каде што неговиот тим победи 0-1 беше толку патетичен што и своите навивачи се срамеле од реакцијата.

Зошто да биде едноставно, кога може комплицирано

Папис Сисе од Аланијаспор направи потег по кој сите се откажаа дека може да биде нешто од акцијата, само тој не. Што ти е упорен дечко. Има да ја дадам ако треба и со лежење.

Знае Нејмар да направи и убав гест

Без разлика на квалитетите и светската фудбалска слава, Нејмар од Мундијалот наваму уште е асоцијација за глума после тоа хистеричните витакања на терен. Но го бива и да изнуди аплаузи. За ова му следува едно браво.

Земи повлечи се од фудбал после глумава

Стивен Бергхуис веројатно е најголемиот срам во историјата на Феенорд и холандската репрезентација. Покрај федерацијата, висока казна треба да му стегне и самиот клуб. Само бокс да си удреше сам на себе ќе беше полошо од ова.

Дали го видовте голот на Жервињо?

Скоро сите го заборавија затоа што на почетокот на 2016 од Рома замина во Кина и некое време играше таму. Летово се врати во Италија во дресот на воскреснатата Парма. Синоќа на дуелот против Каљари (2:0) постигна гол кој ќе конкурира за најубав во Серија А сезонава.

Ливерпул плати фудбалер 50 милиони евра и не го игра зошто не знае англиски

„Зошто тој Фабињо не го игра?“, е најчестото и најпопуларно прашање на стартот од новата сезона во Премиер лига.

Кјеза даде гол и го гушна брат му кој фаќаше топки

Фиорентина со 3:0 го совлада СПАЛ во 5. коло од Серија А. Третиот гол во мрежата на гостите го даде 20-годишниот италијански репрезентативец Федерико Кјеза кој после голот истрча кај брат му Лоренцо Кјеза кој игра за Фиорентина У-14 и кој собира топки на дуелите на „Артемио Франки“.

И Алиоски распали со левицата

На фантастичното македонско гол шоу на Ренцо Барбера се приклучува уште едно важно име од македонската репрезентација кое игра во странство. Гол број 3 за Езџан Алиоски во Лидс, но за жал пораз на домашен терен 1:2 од Бирмингем, прв оваа сезона во 9. коло.

Македонците од Палермо ја направија Перуџа попара

Несторовски и Трајковски не се случајно дел од италијанскиот фудбал и штета што не влегоа во прва лига. Палермо славеше 4:1 во 4. коло од Серија Б, а дуото од македонската фудбалска репрезентација направи дар мар. Два гола на Илија, гол и асистенција на Александар. Цареви се.

Кам бек на Несторгол со одличен погодок

Заврши постот на капитенот на Палермо кој стигна до првиот гол сезонава во Серија Б. На Илија Несторовски му беа потребни само 18 минути да ја тресне Перуџа со страшната левица од околу 20 метри. 

Роберто Карлос во женска верзија

Прво пратете го лудачкото и неприродно движење на топката, а после и реакцијата на таа буцката на гол за да сфатите дека не се збунивте само вие од чудесниов слободен удар на женскава.

Во Сити пред да дојдат шеиците немало врата во тоалетите

Поголемиот дел од својата 138-годишна историја клубот Манчестер Сити го минал во тотална сиромаштија, но парадоксално меѓу навивачите има многу носталгични за тие времиња во кои клубот бил секому достапен. Денес Сити е симбол на модерниот капиталистички фудбал.

Теророт со кој се соочил Тоти во очи на СП 2006

На 27 септември во продажба излегува книгата „Un Capitano“, посветена на еден од симболите на италијанскиот фудбал. Има еден извадок каде Тоти раскажува за најтешката повреда во неговата кариера која му направила голем стрес и му стоела на патот до Мундијалот кој го освои.

Вечна дилема - кој е најдобриот шутер на слободни удари?

Прашање кое веројатно никогаш нема да има одговор затоа што имало и има толку многу мајстори зад топката кои изведуваат слободен удар и даваат гол кога сакаат.

Карамбол на кој арно што не се испотепаа

Снимката е стара 30 години, како и што може да се забележи, а инаку се работи за меч од ФА Купот на кој Манчестер Сити успева некако во последните минути од мечот да даде гол. Налет голот, сепак сметаме дека е најважно е што сите се живи и здрави.

Магијата на Лига на шампиони

Нашето најомилено клупско фудбалско уживање кое до нова година ќе се повтори уште пет пати вторник/среда, е посебно јако за сите. И за вас жените односно мајките кои не можете да ја погодите вистинската песна за успивање бебе. Еве пробајте.

МекДоналдс му нуди на Наполи нов стадион со нивно име, црквата го брани Свети Павле

Неаполитанците се толку поделени што едни влечат на страна на градските власти кои за мизерната состојба на стадионот покажуваат со прст во Де Лаурентис, други кои го бранат режисерот со факти дека од третолигаш направил светски клуб и трета страна.

Прославуваше гол и потоа го снема

Косовскиот фудбалер Бенјамин Кололи го постигна единствениот гол на мечот АЕК - Цирих 0:1, откако го искористи пеналот кој го направи Даниел Мојсов со рака. Убаво е да се слави со навивачите, ама и да се знае кај се тера.

Динамо Загреб го прегази Фенербахче, Милан се намачи во Луксембург

Откако Лига на шампиони им избега во само неколку минути од плејофот, фудбалерите на хрватскиот шампион го згазија Фенербахче со 4-1 во Загреб. Милан едвај со среќниот гол на Игуаин минимално го победи анонимниот Дуделанж.

Труп, потруп, Сенад Лулиќ

Лацио победи 2:1 против кипарски Аполон во меч од 1. коло на Лига Европа, а репрезентативецот на БиХ направи глупост за која Сер Алекс Фергусон на времето делеше воспитни.

Оди па мери му го паметот

Капитенот на украинска Ворксла, Володимир Чеснаков пред мечот против Арсенал во Лондон направи нешто што досега е незабележано во здраворазумното човештво.