Мислевме дека сме ги виделе и објавиле сите можни глумци кои се лигават на терен само ако ги допреш, а и да не ги допреш, ама чекај ова да видите вие. Тука имаш двајца торковци, иста школа.
Многу чест коментар меѓу фудбалските зналци е дека таков талент се раѓа еднаш на 100 години. Налетавме на уникатно видео за неговите мајстории во дресот на Барселона.
По синоќешната информација за пронаоѓањето на авионот на фудбалерот на Нант кој беше на пат да стане нов играч на Кардиф, објавена е првата фотографија од авионот кој потонал во каналот Ла Манш.
Еден од двајцата Македонци кои имаат чест да играат во лигата на мега популарните Барселона и Реал е всушност еден наш одличен голман и скромен кумановец кој оди на стадион со метро. Навивачите на Рајо се пресреќни за неговиот договор. На еден му е направен (тиииит) од возбуда.
На пријателски меч меѓу данскиот Одензе и шведскиот Хелсинборг падна комичен автогол. На стартот на вториот дел сдесниот бек на Хелсинборг, Андерс Рандруп си даде евро-автогол.
Во 3’ минута од мечот Бетис - Атлетико Мадрид, гостинскиот голман Јан Облак направи фантастична парада и го одбрани ударот со глава на стоперот на домаќините Зухаир Федал.
Првата играчка недела на Кшиштоф Понтек во Милан е совршена: минатиот вторник даде два во четвртфинале на Куп на Италија против Наполи, а во неделата гол против Рома на „Олимпико“.
Реал Мадрид влезе во одлична серија и има 5 од 5 во Куп и првенство и тоа доста ефикасно со 15 постигнати гола. Најсветла точка периодов во тимот им е најоспоруваниот, Карим Бензема кој топ не го бие веќе 10-та сезона на Бернабеу. Во моментов е најдобар стрелец во тимот со 10 гола, а само на последните четири средби постигна шест. Сосема заслужени се овие скандирања.
Реал Мадрид го совлада Алавес со 3:0, а Мариано Дијаз во еден дуел непречен од никој, сам себе се издрибла, се совлада, се исповрте и падна, а сакаше само да го оствари оној прв допир со топка. Смешки.
Шефот на истражувачкиот тим кој работи на претрага на потонати бродови, Дејвид Мрнс, соопшти дека на дното од каналот Ла Манш бил пронајден авионот во кој на 21 јануари се изгуби фудбалерот на Кардиф Емилијано Сала и пилотот Дејвид Иботсон.
По двата гола против Наполи во Купот, вечерва полскиот репрезентативец Кшиштоф Пјонтек ја „начна“ и Рома. Во 26' минута на мечот на „Олимпико“, на асистенција на Бразилецот Пакета кој зимава дојде во Милан, Пјонтек го даде 14 гол во сезоната.
Саботниот меч Евертон - Вулвехремптон беше прекинат на две минути на средината од вториот дел поради тоа што на „Гудисон Парк“ истрча црна мачка која ги забавуваше гледачите. Мачката го претрча практично цел терен а на крајот редарите некако успеаа да ја пренасочат кон подтрибинскиот простор.
Шпанскиот репрезентативен голман речиси на секој натпревар, кога ќе му се укаже прилика, демонстрира врвна ножна техника - елемент кој го нема секој врвен голман.
Појак сум од Роналдињо, Пеле, Марадона, Меси, Роналдо, Зидан. Од сите. Мене Тони Адамс, Сол Кембел, Јеро, Рамос, Малдини и Стам ми имаат влезено во дуел и потоа се каеле цел живот.
Фудбалерите на Јапонија го загубија финалето во Азискиот Куп од Катар со 3:1, ама не заборавија на културата која ја носат од дома. Луѓето задолжени за чистење и одржување на хигиена на стадионот останаа без дневница. Погледнете, една дамка не оставија.
Иако има само 23 години, Лацио веќе трета година му дава силна доверба на Стракоша на позиција на која царуваа имиња како Маркеџани и Перуци. Има тука тато помогнато по албанска линија преку Таре, ама позицијата ја држи заслужено со квалитет и пред сè со маратонска работа од 8 часа на ден и многу жртви.
Катарците направија сензација откако стигнаа до финалето на Азискиот Куп на нации, прво историско за нив. А таму попладнево играат против Јапонија и после 45 минути водат 0:2. Првиот гол на Али Алмоез од клубот Ал-Духаил беше неверојатен, а ни вториот на Абдулазиз Хатим не беше ништо послаб:
Фабио Кваљарела вчера наполни 36 години. Не може, а да не му го одбележиме бидејќи ретко кој напаѓач држи таква форма на тие години. Роденденот му го честитаме со задоцнување од еден ден и со голот на кариерата кој го постигна оваа сезона. Каков убиствен инстинкт.
Шпанскиот весник Ел Мундо објави листа на 200 најбогати Шпанци. Меѓу нив има 51 милијардер, а целта им е да покажат дека и претседателите тежат многу пари и влегуваат во таа листа. На врвот е Флорентино Перез.
Антони Марсиал потпиша нов договор со Манчестер Јунајтед до 2024 година. Французинот ги издржа сите неволји со Мурињо на клупата за резерви и заслужи нов договор. Но листот на кој пишуваше е чуден.